FOTOGRAFIKA SQUARE 2009ка

Да почнеме со сетинзите. 13/14 Јуни, 2009. Плоштад Македонија. Скопје.
Оптегнати жици за сушење алишта. Штипки. И со штипките закачени фотки. Околу 600+ на број.
Отворена изложба на еден од по-тазе фото клубовите од Скопје, втора по ред од таков тип. Фотографии од многу автори енд авторки, најмногу од Македонија, понајвише од ФК Фотографика. Има и од блиските ни соседи, но и од ако добро се сеќавам-Британија, Полска... и, да бидеме искрени, имаше дузина фотографии кои беа поставени и минатата година... хехе... нејсе... „поминвит и то“.


photo © n/a


Морам да признаам дека идејата е поприлично занимлива но и контраверзна 4 ми. Партиципацијата беше гага, за разлика од други пореномирани ем престижни изложби. Селекција нема. Секој кој пратил, најмногу до 5 фотки е ин. Супер! Доста либерално и игриво, современо, модерно и интересно. Дури и принтањето на фотките беше на товар на клубот. Се бараа дигитални фајлови. Но, доколку не сте стигнале, или не сте знаеле, или вотевер, можевте да си одите со својот принт, да си најдете место на жицата и да си го обесите и после да се фалите дека сте изложувале и вие. Интересен начин еден млад и нереномиран клуб, кој од самото формирање го прати една интересна енергија и разноразни турболенции, да си го најде местото под рефлекторите.

И минатата година и оваа видов многу луѓе како заинтересирано или барем со таков израз на лицето ја густираат изложбата. Веројатно повеќе од која и да е изложба во која и да е галерија кај нас. Супер! Нормалски, главниот плоштад на сандалијата ни е едно прометно место. Особено во викенди.
Секоја чест за трудот и енергијата.
Од тоа што јас знам, позади идејата е флоскулата „популаризацијата на фотографијата и фотографската култура кај нас“. Јас ова го знам како фраза но абер немам што значи.


photo © n/a


Она што ми даде за право да бидам вака „дрзок“ е тоа што имаше добри фотографии. E, aма јас не ги видов. Всушност, ги видов, ги загледав, ама не ги „видов“. И тоа ми е основниот впечаток. Сметам дека е реална и можна дискусијата дали е тоа омаловажување на медиумот и некакво скрнавење, доколку може да се употреби тој збор за што и да е во денешно време. Како и да е, за мене беше сето тоа преконфузно и пренатрупано, начичкано и некако турбо. И не ми остави никаков впечаток.

Енд, иф ју аск ми, сметам дека на фотографијата воопшто не и треба популаризација, освен ако не си еден од магнатите кои произведуваат нискоквалитетни сапунчиња со нешто што го нарекуваат објектив и сензор и на дневна база вадат „нови“ ем „појаки“ модели за сите нас гладни консументи. А денес секој има некаков фотоапарат. И третина од нив се смета за фотограф/ка или планира да стане тоа наскоро. Јас тоа го сметам за индикатор за депопуларизација на фотографијата. Слободно обвинете ме за некаков елитизам, ама сметам дека така само се намалува општиот квалитет и така настанува ТУРБО-ФОЛК, со хиперпродукција и се пониски и пониски критериуми.


photo © n/a


И, за да се дополни сликата на панаѓур, одма на почетокот на „изложбениот простор“ некој од оние „брендови“ кои прават 100% природен сок, а всушност при детална анализа не се разликува многу од мелен теписон + вода и шеќер, мудро имаа инсталирано штандче, нудејќи 2 голтки од неколку вкусови апсолутно натурални ем у зделованјо з нараво сокови. Или можда беа спонзори? Упс! Ова нема врска со изложбата-ес фар ес ај ноу, ама невкусно изгледаше.

Значи, GO Фотографика GO, ама со усул.

ПС-Фотки немам. Погрешен shift+delete.
Приложените се дрпнати од тука.

hakfin | 22.06.2009 | twitter