The Black Keys - Brothers [Nonesuch, 2010]

The Black Keys е дуо (Dan Auerbach и Patrick Carney) познато по своето оперирање во пределите на блуз музиката. Ова треба да се прими со резерва бидејќи во изминатите пет албуми од кариерата тие не лешинараt над блуз традицијата рециклирајќи познати звуци. Напротив, го земаат тоа делче од музичкото минато како темел на кој потоа градат нешто сосема модерно и во досух со денешницата. Минатата година направија мала пауза во која секој посебно се проба во соло кариера. Оваа година по тие мали премрежја сфатија дека се „браќа“ и дека најдоброто го создаваат кога создаваат заедно. Така се роди албумот Brothers.


photo © Album

Очигледно созреани за кратко време, во новиот албум веднаш се познава некаква свежина. Ако претходно главни мотиви беа очајно несреќни љубови кои болат до изнемоштување, сега сцената ја превзема некоја нова надеж, некоја нова љубов. Everlasting Light ја почнува таа нагорна линија во расположението и го почнува албумот. Lоnelyness is over/dark days are through пее Dan. Изгледа нашол субјект за восхит преку кој ја канализира новоткриенната позитивна енергија. Раскинува со минатите лоши искуства и убеден е дека во следините нема да ги повтори старите грешки. Таа радост продолжува и во наредните неколку песни. Особено симпатична е Tighten Up која е продуцирана од Danger Mouse и која има некаков Gnarls BArkley-овски звук.
Но, одеднаш на таа нова надеж и среќа зад грб и се прикрадува некоја кобен демон од минатото и фрла сенка на сончевите места. Се смрачува се, се смрачува и музиката, блузот и тагата која ја носи ги покажуваат нивните грди лица. Следи навраќање кон минатото, анализа на себеси и своите маани, недоверба во иднината и недоверба во себе и можноста да се даде онолку коклу што се сака да се прими.



Од прилика така ја читам приказната на овој албум. Напишана е со стихови кои се интелигнетни и емотивно набиени, но она што најмногу им дава живот и ја интензивира емоцијата е силниот вокал. Dan Auerbach има вокал кој зучи како да поминал низ сито и решето. Засипнат, наместа пискав но моќен. Како да ја продал душата на ѓаволот на некоја правлива раскрсница за да заслужи таков глас. Емоциите кои ги излева најсилно се чувствуваат во песната Too afraid to love you која продира во битието со тешките звуци на клавирот.

Во новиов албум дуото е и музички доста стегнато. Можеби малку е исполиран оној прљав гаражен звук присутен на претходните албуми, но тоа воопшто не може да се земе како маана. Ритам секцијата е мрачна и токму кога ќе навлезе во некој постојан ритам се појавува гитрата и внесува некој неочекуван пресврт. Секоја песна од албумот е таква, држи една линија за во некој неочекуван момент да се појави изненадувачки звук. Тоа го прави слушањето интересно, а преслушувањето станува задолжително.

Оцена: 9/10

Артист: The Black Keys
Издавач: NOnesuch
Продуцент: The Black Keys, Danger Mouse, Mark Neill
Датум на објава: 18-ти Мај, 2010

Track Listing:
1. Everlasting Light
2. Next Girl
3. Tighten Up
4. Howlin’ For You
5. She’s Long Gone
6. Black Mud
7. The Only One
8. Too Afraid To Love You
9. Ten Cent Pistol
10. Sinister Kid
11. The Go Getter
12. I’m Not The One
13. Unknown Brother
14. Never Gonna Give You Up
15. These Days

Gwendolyne | 27.10.2010 | twitter