plagij.at @ Фиса

Триесеттиот ден од месецот ноември се ближи и тоа брзо. А за таа работа ние се грижиме да биде добро прославена или во случајот добро залиена. Откако установивме дека и меаните се дел од културата на човештвото, со цел да станеме покултурни, решивме овој 30ти да го прославиме со една меана која е добро препорачана и проверена во еден текст: Jebem Ti Zivot Bez Rakije. Местото е одлично, можам да го потврдам, а и супер евтино е. Така да навијте си ги часовниците за среда, 30ти ноември 2005, меана ФИСА од 21ч. Се погриживме и музиката да ни биде по мерак, а за плагијатџијата што ќе изеде најмногу кебапи следува изненадување. Ајде се гледаме сите на културно воздигнување!!

rante | 24.11.2005 | twitter