plagij.at @ Фиса

И уште една прослава на plagij.at се заврши без загинати и ниту еден повреден. Полни 3 (три) месеци постоење, околу 200 редовни, секојдневни посетители и своја химна!! Фантастично!

Меаната Фиса не облагороди со одлична услуга и уште по добрите пилешки крилца со премногу сол, па моравме сето тоа добро, ама дообро да го натопиме. Свртевме не знам колку тури од се што имаше на масата и по нешто повеќе.



photo © Елена

Конечно плагијатџијата Сокол, добитникот на минатомесечната награда - деби албумот на Таратур, го услуживме со наградата. За овојмесечното изненадување... ќе мора да бидете во тек со сите активности на plagij.at, особено околу Таксират 007.



photo © Barrufet

Имаше само мал недостаток, имено главниот мајстор за староградска музика не ги исполни нашите очекувања, па останавме со Џони Штулич и по некоја негова преработка на македонските народни песни. Браво на Barrufet за тоа.



photo © Бранка

А каде ќе биде големиот собир на плагијатџиите на 4воромесечјето од plagij.at!? Сите ваши предлози се добредојдени. Запамтете: следниот 30ти, на некое добро место, од 21:00ч па натака.


rante | 02.12.2005 | twitter