Skopje Design Week 2011

Skopje Design Week се одржа за прв пат, годинава, во траење од 28 септември до 2 октомври. 
Целиот настан, презентациите, работилниците, изложените дизајни, вечерната програма со свирките, дружењето,забавата се одвиваше во Куршумли ан. Еден куп народ (домашни и странци), еден куп случувања, стог позитивна енергија, супер спој на историјата и современиот дизајн допринесоа Куршимли Ан да блесне со сиот сјај. Ја имав можноста да проследам поголем дел од случувањата и можам само да кажам БРАВО. 
 
Skopje Design Week 2011 © Mence
 
Како саатот да запрел, времето не минува, луѓето околу мене како да заборавиле на сите проблеми и обврски. Се зачудив од оптимизмот, ведрите лица, насмевки, идеи, сета таа креативност збрана на едно место, премногу несекојдневно, изненадувачки чудно и си викам-би сакала да е вака секој ден. Секој ден од утро до доцна вечер без многу мака. Преку ден беа работилниците и презентациите, а навечер сите беа спремни за журка. Сите денови имавме можност да проследиме настапи на многу познати музички имиња како Ѓорѓи Шаревски квартет, Тони Китановски трио со специјалниот гостин Оскар Салас, Симон Киселички трио, Летечки пикинезери, Проект Вирус, Бабура, Зоки бејбе, Самоил Радински, Оркестар Б.Б.... и секоја вечер со насмевка си одиме дома...чувајќи ја за утре :) зашто утре е нов ден, убав ден, можеби ќе биде посебен. И без многу галама и чалам, едноставно и со труд, добра идеа и реализација бидна и заврши неделата на дизајн, а ние сепак докажавме дека сме добри домаќини, и покрај тоа што нашата државичка е мала, имаме големи идеи за иднината. 
 
Skopje Design Week 2011 © hakfin
 
Младоста беше водечката сила на сиот овој настан, а Минитерството за задоволство беше главниот кривец за ова цело неделно задоволство што ни беше дадено на располагање, нашата задача беше само да го искористиме до максимум и да уживаме . Кој пропуштил, ќе си чека до следното... 
 
Skopje Design Week 2011 – 28.09.2011 / Mence Petreska, Sasho N. Alushevski, Tatjana Rantasha 
Skopje Design Week 2011 – 29.09.2011 / Mence Petreska, Sasho N. Alushevski, Tatjana Rantasha 
Skopje Design Week 2011 – 30.09.2011 / Mence Petreska, Sasho N. Alushevski, Tatjana Rantasha 
Skopje Design Week 2011 – 01.10.2011 / Mence Petreska, Sasho N. Alushevski, Tatjana Rantasha 
Skopje Design Week 2011 – 02.10.2011 / Mence Petreska, Sasho N. Alushevski, Tatjana Rantasha

Barrufet | 22.10.2011 | twitter