Звукот на коските што се кршат
Знам дека доцнам, ама верувајте ми требаше доволно храброст и време да размислам како сите тие мисли што ми навираа за да ви ги пренесам. И ете искрено немав појма каква е претставата ниту за што се работи, имав видено само флаер, а ниту имав чуено некаква критика. интро..претставата беше Звукот на коските што се кршат во изведба на Театра. Супер муабет си направивме со еден од членовите па успеав да дознаам нешто плус, за тоа кој се, што се.
Театра е независен театар формиран 2010-та во кој членуваат десеттина млади ентузијасти, кои после долго време барајќи поддршка и ненаоѓајќи ја, решиле сами да се финансираат и по секоја цена да си го остварат својот сон - театарот. Ретко кој од денешната младина ја има таа храброст. Ја имале честта со оваа претстава да го отворат МОТ 2011 година. Повелете прочитајте нешто повеќе за нив Theatra

![]()
„Звукот на коските што се кршат“ © постер
|
Претставата "Звукот на коските што се кршат" е работена по текст од канадската писателка Suzanne Lebeau. Одлично интерпретирано,модерно и пред се неискоренлив дел од она што би го опишале реалност, за која повеќе или помалку ни самите не сме свесни. Една интересна приказна која отсликува дел од светот во кој живееме, прикажувајќи ја онаа лоша страна за која повеќето не сакаат да зборуваат, која сите се трудат да ја изостават, не толку важна се додека самите не сме дел од неа. Да, секогаш можеш да кажеш дека ти е жал, но колку е тоа вистинито и која е користта од тоа..ништо..едноставно животот не е рамноправен кон сите нас! Некои страдаат , некои уживаат во страдањето на другите, а некои немаат појма што се случува околу нив. Тоа е реалноста, за жал!
Горчлива приказна за два изгубени детски животи за кои неможете ни да си замислите што се се способни да направат и покрај нивната возраст. Лост на животот на едната страна тага, војна, терор, патење, солзи, молк наспроти другата со храброст, копнеж, љубов, борба. Што ќе натежне!?...неизвесност до самиот крај. Приказна која не се раскажува, приказна која ќе ве подзамисли за момент, приказна за најлошиот ноќен кошмар. Пишувана по вистинска случка. Која се случува секаде. Приказна која ја опишува изопаченоста на човековиот мозок , онаа мрачна страна , зла, споособна за секаков злостор без ни малку каење, во која секогаш страдаат оние безпомошните - децата. И ќе речеш деца се, што знаат тие... Животот направил да пораснат пред време, секоја нивна лузна носи своја приказна, секоја солза еден куп загубени детски сни.

...пушката колку што го убива телото на исплашениот, толку ја убива душата на убиецот...