Leonard Cohen - Old Ideas [Columbia, 2012]

Додека Леонард Коен се обидуваше да ги дознае тајните на универзумот во градините на Зен манастирите некој си играше со неговите финансии и го остави без скршена пара. Поради тоа музичарот беше принуден да ја соблече монашката наметка, да го натне неговиот свечен костум и повторно да застане под рефлекторите. Од финансиските сплетки најмногу профитираа фановите кои добија шанса после долго време да го видат нивниот омилен поет и музичар. Конечниот резултат беше неколкугодишна турнеја и на големо изненадување на сите, па дури и на самиот Коен - нов албум кој излезе годинава и го носи насловот Old Ideas. 
 
Cover


Насловот може да не залаже, но доволно е само едно преслушување за да се заклучи дека иако можеби авторот се навраќа на старите идеи кои отсекогаш го измачувале, тие никако не се застарени. 
Првата, а воедно и една од најубавите песни на албумот е Going Home во која поетот, со себеисмевачки тон влече црта помеѓу Коен-музичарот и Коен-човекот. I love to speak with Leonard/He's a sportsman and a shepherd/He's a lazy bastard/Living in a suit. But he does say what I tell him/Even though it isn't welcome/
He just doesn't have the freedom/To refuse.
 
Коен отсекогаш давал големо значење на поезијата, па и овој албум не е исклучок. Тежината на стиховите е одлично избалансирана со тивкото присуство на музиката. Во преден план се гласот, приказната и поезијата, а во позадината сосема добро пресметано се вклучуваат нежни тонови од гудачки инструменти, синтисајзер, гитара... 
 

                                                                                   

 

Уште веднаш се забележува шармот и смислата за хумор на Коен кои годините ги избрусиле и ги направиле питки.
Темите кои се стари, но кои се уште го измачуваат се љубов, страст, искупување, искушение. Поетот се уште се обидува да напише химна која ќе ги искупи сите негови дела и недела. Изгледа тој постојано се наоѓа на расчекор помеѓу телесното и духовното и постојано се обидува да го најде балансот помеѓу овие две.  Уште еден „лик“ во албумот, кој се јавуа како придружба на Коен и како еден вид на потпора е женскиот хор кој е присутен во секој песна, како еден вид на чувар и усмерител. Но, и покрај премрежјата и борбата со себе, на крајот сепак Коен се навраќа на поделеноста, во себе или надвор од себе и решително порачува: Both of us say there are laws to obey/But frankly I don't like your tone/You want to change the way I make love/(But) I want to leave it alone.
 
Интересно е дека обично автори од ваков калибар при крајот на нивната кариера се рециклираат себеси, надевајќи се дека ќе поминат на „стара слава“. Коен не само што не го прави тоа, туку чекори кон непознатото со стил, со хумор и задоволно се смешка под 
 
Оцена: 9/10
 
Изведувач: Leonard Cohen
Албум: Old Ideas
Издавач: Columbia records
Датум на издавање: 31.1.2012
 
Листа на песни:
1.Going Home
2.Amen
3.Show Me the Place
4.Darkness
5.Anyhow
6.Crazy to Love You
7.Come Healing
8.Banjo
9.Lullaby
10.Different Sides

Gwendolyne | 17.02.2012 | twitter