Resonate - Фестивал на нови медиуми, (дневна програма) Белград, 16-17 март, 2012

Непобитен факт е дека новата технологија и медиумите кои произлегуваат од неа се имаат се поголемо влијание врз нашиот секојдневен живот и начинот на кој комуницираме. Тоа носи нови предизвици во нашата перцепција на светот и организацијата на нашиот живот, а еден од начините на кои во светот се обидуваат да се справат и подобро да ги разберат е организирањето на конференции каде што се среќаваат, презентираат и дебатираат експерти и практичари од областа на дигиталните технологии, комуникации и уметности. За чудо, Балканот за прв пат не доцни зад светот, така што во последните две години беше сведок на неколку вакви конференции, меѓу кои најзначајна е Share конференцијата. Тука се разбира треба да ја споменеме и Engage конференцијата која неодамна се одржа во Скопје, која претставува прв, но значаен чекор во следењето на светските трендови и тенденции кај нас во областа на новите медиуми.



 

Resonate 2012


 

Resonate конференцијата, која се одржа на 16 и 17 март,  е уште еден голем исчекор во тоа Белград и на Балканот да се ставата црвсто на светската мапа на настани од овој вид. Најавена да се одржи уште минатата година, таа сепак го виде светлото на денот и на Дом Омладине во 2012 година и докажа дека чекањето вредеше. Потпомогната од повеќе поголеми институции како што се Share  и MTV Adria, таа во текот на два дена успеа да собере навистина звучни, интересни,но што е најважно релевантни личности од светот на  новите технологии и уметности како што меѓу другото беа  Nicholas Felton, членот на тимот на Facebook кој е одговорен за креирањето на новиот timeline, Rafael Rozendaal, веб уметниk чиj сајт има 15 милиони посетители  Josh Nimoy кој ги има создадено визуелните ефекти за Tron , United Visual Artists кои имаат креирано четири светски  турнеи за Massive Attack,  Jer Thorp – data-artist  кој соработува со NY Times и е еден од уредниците на магазинот Wired, потоа Greg J. Smith, Regine Debatty, Champagne Valentine,  Benjamin Gaulon, Martial Geoffre-Rouland, Karsten Schmidt, FIELD, LAb[au],  Written Images, Jürg Lehni, WARP, onedotzero.

Програмата беше доста исполнета, случувајќи се во двете големи сали и во бифето, иако не ги искористи до максимум потенцијалите на Дом омладине како што Share тоа го направи минатата година.  Сепак, таа понуди навистина богата и разноврсна содржина која во секој момент го држеше вниманието на младата, ангажираната и навистина интернационална публика. Беше навистина прекрасно да се видат како сите тие млади луѓе со нивните лап-топи и ајпади се движат, забележуваат, сликаат, но и учествуваат во дебатата како на интернет, така и во живо. Првиот ден особено беше акцентиран тој интерактивен и практичен аспект на фестивалот, особено во истовременото одвивање на 10 работилници во големата сала на Дом Омладине, каде што мали групи луѓе работеа на најразлични теми кои најчесто беа поврзани со програмирањето и дигиталниот и графичкиот дизајн , иако имаше и такви кои беа поврзани со потрадиционалниот концепт на уметноста, во согласност со главното мото на фестивалот, игитална наспроти аналогна уметност. Такви работилници беа беа тие на легендарниот електронски лејбл Warp, продуцирањето на звучни пејсажи од опкружувањето во Дом Омладине на Соба 64 или електронското инстант фото сафари со Никлас Рој со кој учесниците ги фаќаа моментите на фестивалот со помош на неговата црно бела електорнска инстант камера која веднаш ги печатеше на термичка хартија. Останатиот дел од работилниците беа тешки за следење за некој програмерски и технички   неедуциран како мене, при што мала замерка за организаторот што не беше организирана некоја мини презентација на резултатите од работилницата  , што придонесе донекаде  за нивната недостапност за општата публика.

Resonate 2012 © Дејан Христов


 

Но, Resonate  понуди доволно квалитетни настани за сите присутни таму, меѓу кои имаше и мала експедиција од Македонија. Утринскиот дел од прграмата беше посветена на проекциите на кратките и анимираните филмови собрани под капата на onedotzero, организацијата и фестивалот посветени на дигиталната уметност, кои го прикажаа напредокот, но и фасцинацијата  на дигиталната уменост во креирањето на нови текстури и пејсажи со новите софтверски алатки, кои некогаш дури ја надминуваат и потребата од приказната. Гледајќи ги дури и се потсетив на почетоците на кинематографијата кога самото соочување со можностите на новиот медиум беше возбудлив, што само кажува дека се наоѓаме на почетокот на една возбудлива технолошко-уметничка револуција. Тоа гледиште беше потврдено и од двата документарци the Future of Art и Timeless каде што голем број на значајни уметници говореа и сведочеа за новите трендови и ветришта во медиумите и уметностите кои носат тектонски промени во нашите животи, идентитети и начини на комуникација , како и за нивните обиди да се справат со нив, да ги  сфатат, перецепираат, преобликуваат во уметност и да ја согледаат иднината на уметноста во овој нов дигитално засниван свет.  Таквата дилема и несигурност на уметноста можеше да се почуствува и во презентацијата на  Regine Debatty, која го има еден од најпосетените блоговиза уметност каде што говореше за реакцијата и обидите за субверзивност и протест на уметноста во контекстот на светската економска криза, како и во дебатата вториот ден во која учествуваше заедно со Rafael Rozendaal и Greg J. Smith. 

Resonate 2012 © Дејан Христов


Далеку поголема возбуда и посигурен поглед кон сегашноста и иднината имаше во презентациите на уметниците во лија работа вистински се спојуваат веќе може да се каже старите и новите медиуми и уметности.  Resonate ни овозможи да се запознаеме со работата и историјата на Nexus, компанија која почнала во 90-тите во стандардната филмска индустрија во Британија, но која со текот на времето ги прифатила новите дигитални медиуми, за денес во својата биографија има работа на кампањите на светски компании како Интел и Кока Кола, како и Оскар за краток анимиран филм. Голема возбуда и интересирање предизвикаа и презентациите на Field  и на United Visual Artist, две дизајнерски екипи кои ги прошируваат границите на дигиталната уметност користејќи ги големите буџети, но и отворени простори кои ги нудат рабитите за големи компании како Дојче Банк или големите концертни тури како таа на Massive Attack. За жал двете презентации се одржуваа во исто време, така што публиката мораше да се подели, но когу и да избереа ќе се запознаеја со две водечки иновативни и авангардни визии. 

 

 Resonate 2012 © Дејан Христов



На Resonate се говореше и за постојаната трансформација на интернетот и начинот на кој изворите и формите на подато се користат, како во информативни потреби, така и во уметнички и креативни цели.   Jonathan Richards  кој е одговорен за интерент сајтот на Guardianговореше за начините како еден од водечките светски весници ги користи и се обидува да ги имплементира новите платформи како Твитер во своето известување, но и онлајн издание. При тоа, можеше да се види дека дури и големи медиумски куќи со голем буџет се обидуваат да одат во чекор со новите технологии како и обичниот интернет корисник, а дека и обајцата се наоѓаат на почетокот на нова парадигма во начинот на пренесување и комуницирање на информациите. Тоа беше дел и од дебатата која на која учествува Jer Thorp, Nicholas Felton and Greg J. Smith која имаше и добар одзив во публиката која како и говорниците загатнаа многу интересни теми и прашања во однос на правецот во кој се развува интернетот. 

Resonate 2012 © Дејан Христов

 

Покрај интересните дебати и презентации, една од квалитетите на ваквите фестивали е што ви дава можност да се запознаете и со несекојдневни личности, карактери и достигнувања кои ви даваат една своја лична и специфична перспектива на светот и на новите медиуми и технологии. Таков беше Josh Nimoy кој пред нас во слики ни ја претстави целата негова еволуција како софтвер и интерактивен уметник, од неговите први цртежи како дете се до неговата работа на специјалните ефекти на филмови како Трон. Потоа, тука беше DJ Spooky кој неговата приказна за проектот кој го доведе на Антарктикот да ги сними звуците на мразот и на сантите лед и од тоа да изгради еден електронски звулен пејсаж го преплете со концептуален и постмодерно теоретски приказ на уметноста на семплувањето и историскиот развој на хип-хопот (За жал, тој ист проект кој вечерта го презентираше во музичкиот дел од фестивалот, покажа уште еднаш дека теоријата не секогаш звучи добро во пракса, но за тоа повеќе во текстот посветен на музичката програма). Конечно, како последен говорник го видовме Nicholas Felton кој на примерот на својот живот ги покажа можностите за следење и документирање на секој момент од нашите животи кои се повеќе се случуваат и се водат на интернет или во спој со новите дигитални технологии со тоа што го презентираше софтверот со помош на кој создава годишен извештај за својот живот во кој се содржани најзначајните, но и најефемерните детали за дадената година.

На конференција како Resonate  се разбира дека е невозможно сегде да се стигне и се да се види или слушне, заради што во овој текст се задржува само на одредени делови од програмата, но како што може да се види од списокот на имиња, тој не е потполн. Но, тоа не е и целта на овој текст, тоа што е важно барем малку да се пренесе енергијата, ангажираноста, креативноста, но и иновативноста и актуелноста која се чуствуваше кај сите учесници, како говорниците, така и во публиката, сите дојдени во Дом омладине да се обидат да дадат свој придонес во сфаќањето, но и во развојот на овој навистина важен и возбудлив момент во развојот на дигиталната технологија и медиуми. Сите кои сакаат барем за неколку дена  да почуствуваат и да бидат дел од најновите светски трендови, а го пропуштија  Resonate, имаат можност тоа да го надокнадат на претстојната Share конференција која  ќе се одржи од 26-28 април исто така во Дом омладине во Белград.   На организаторите на Resonate  треба да им се упатат сите честитки за навистина квалитетниот и содржаен настан, кој ако се исправат  ситните грешки во организацијата кои се разбирливи на почеток, сигурен сум дека ќе добиеме конферненција која не само што ќе биде увертира во Share, туку и достоен ривал за титулата најдобра конференција за нови медиуми на Балканот. 


milan | 03.04.2012 | twitter