Булгаков. Помен...

На денешен ден, 10 март, 1940 покрај другите настани, вреди да се одбележи во чест на големиот маг на руската литература, Михаил Булгаков. Како многу други гении отаде завесата, и за него повеќе слушнавме по паѓањето на горенаведената, но како ретко кој од тие непознати неговото дело остави многу силен отпечаток и даде една особено занимливо зачинета слика за многу нивоа на тој свет, скриен зад железната завеса. 

N/A

 

Иако од руско потекло, Булгаков е роден во Киев, Украина. Во 1913 год. Булгаков се оженил со Татјана Лапа. По избивањето на првата светска војна тој веднаш волонтирал во Црвениот крст. Во 1916 дипломира на медицинската школа при киевскиот универзитет и потоа служи во Белата Армија. Кратко и присилно бил мобилизиран во Украинската Националистичка Армија. Во 1919 год. се решава да ја напушти медицината и да се занимава со својата голема љубов, литературата. И тој и неговите браќа учествувале во редовите на Белата Армија за да по граѓанската војна сите освен Михаил да се преселат во Париз. Тој останал да работи како теренски доктор во кавкаскиот регион, каде подоцна започнал да работи и како новинар.

Иако имал релативно поволна положба под советскиот режим на Коба,  Булгаков имал забрана да ја напушти земјата и да ги посети своите браќа или да емигрира на запад. Некои делови од биографијата на Булгаков се непознати и нејасни бидејќи тој бил особено таинствен за својот живот па дури ги заколнал и сопствените сопруги на тајност.

N/A


Во 1921 со Татјана се селат во Москва каде ја започнува својата писателска кариера.
Три години подоцна, разведен од својата прва сопруга, се жени со Љубов Белозерскаја. Објавил неколку дела во почетокот и средината на 1920-те, но веќе во 1927 е на удар на критичарите-оценет како анти-Советски настроен. До 1929 неговата писателска кариера е запечатена, а тој е политички неподобен, неговите дела забранети. 
Во 1932 се жени по трет пат за Јелена Шиловскаја, која ќе му послужи како инспирација за ликот на Маргарита од неговото најпознато дело „Мајсторот и Маргарита“, Со неа се вселиле во квартот Патријаршиски рибници во Москва. 
Во последната декада од својот живот работи на „Мајсторот и Маргарита“, пишува, драми, критики и приказни, Направил и неколку преводи и драматизации, но тие останале необјавени.
Булгаков никогаш не го подржувал режимот и го исмејувал во многу од своите дела.
Токму поради тоа, најголем дел од неговите дела останале заклучени во фиока барем уште неколку децении.
Во 1930 напишал писмо до Сталин од кој побарал дозвола да емигрира доколку за него нема место во Советскиот Сојуз како сатиричар. Како резултат на писмото Булгаков добил телефонски повик од Сталин лично, кој го уверил токму во спротивното.
Сталин уживал во делото на Булгаков „Денови на Турбините“, па му нашол работа во некој мал московски театар, а подоцна и во Московскиот Театар на Уметнoстите. Во многу биографии за Булгаков се наведува дека писмото го напишал од гнев и ментален немир и никогаш немал намера да го испрати.
Понатамошната забрана од властите да го посети своето семејство во странство го натерало на драстични мерки. И покрај неговата нова работа, проектите на кои што работел во театарот биле неуспешни и тој постојано бил под стрес и бил многу несреќен.
Работел кратко и во театарот „Болшој“, но набрзо си заминал, бидејќи неговите дела не биле објавувани.
Булгаков починал од вродена маана на бубрезите во 1940 год. и бил погребан на гробиштата Новодевичи во Москва.
 
Јас за него прв пат слушнав од првиот превод на Мајсторот и Маргарита, на Табернакул. Се рекламираше како повторно откривање на генијот и за мене тоа беше доволен поттик да одам на промоцијата и да си ја купам книгата за замашна сума која бараше ребаланс на мојот студентски буџет. Морам да кажам дека не зажалив за тоа. 
Оние кои не ја прочитале, нека почнат веднаш, а тие кои ја прочитале, навистина нема зошто да ги смарам кога знаат. 
Според моето скромно мислење тоа е еден од најдобрите романи на ХХ век. Има нарација на Достоевски, возвишеност на Толстој, цинизам и подјебавање на Гогољ и при тоа не те збунува како погоренаведените, да се чудиш на 180 страна кој е пак сега овој, па да баталиш и после 70 страни да сконташ дека е тоа сепак еден од главните ликови кој има уште едно презиме на пример или некои така го викаат нагалено... Да не зборам дека немам софтвер за памтење имиња, па така сум ускратен од уживањето од руските класици... Нејсе Булгаков има се тоа и екстра! Ја има и таа окултно помирувачка леќа низ која го третира светот. Како и играта со историските фигури кои прераснале во симболи на јудео-христијанската оставштина. Со еден збор Маг. 
 
N/A

 

И, ласт бат нот лист. Изданието на македонски, според преводот на Тања Урошевиќ, во издание на Табернакул, за мене е едно од оние дела, (на прсти се бројат) – одлично преведени на македонски. 

 

 

hakfin | 10.03.2013 | twitter