Борислав Пекиќ - Човековата слобода

Да се зборува за човековата слободна волја после толку илјади години историја, исто е како и да се бара од крокодил да го напушти мочуриштето и да се насели на Trafalgar Square, кој како вид милиони години поминал среќно во вода и кал.

Значи: она што го нарекуваме своја проклета судбина всушност е некој вид долготрајно моделирање на нашата личност токму во услови кои не се во надлежност на нашата волја. Ние сме програмирани како и секој компјутер, разликата помеѓу нас и компјутерот е во тоа што компјутерот е побрз.

Човекот кој е навикнат да не ја гази тревата, дури и да не е германец, може да ја упропасти револуцијата затоа што не се осмелува да го прегази тревникот пред владата.


www.borislavpekic.com
 

Ништо не ја штити туѓата сопственост повеќе од повеќегодишното ускладување на нашето морално чувство со сите сомнителни начела кои велат дека се што е туѓо – е неповредливо.

Во капиталистичкиот свет само душевните болни успеваат навистина да се ослободат од тој условен рефлекс, сите останати имаат грижа на совест која се совладува на разни начини, пред се со бекство од полицијата.

Луѓето во пензија умираат побрзо не затоа што се постари, па на нив дошол редот, туку затоа што она за што биле цел живот програмирани станало бесмислено, неприменливо, залудно.

Секој дел останал ист, а задачата се сменила. Компјутерот кој е програмиран да решава сообраќајни проблеми во големиот град, не може да ви даде паметен одговор кога од него се бара да ви  декодира хиероглифи.

Човекот кој е програмиран за работа не може никогаш навистина да се одмора. Сите наши навики, обичаи, па и многу наши мислења-специјални програми со кои сме нахранети не само од сопственото детство или детството на хуманиот свет низ неговата позната историја, туку и од биолошката историја која ни е неразбирлива и недофатлива.

 


Во нас има повеќе, далеку повеќе роботско отколку слободно, а слободното најчесто доаѓа на свое кога она што е роботско во нас ќе се расипе во време на криза, престврт, страв и длабоко страдање.

Само, да се живее во постојан пекол за да може човек да е навистина слободен е цена која малку кој би ја платил. И нашиот страв од роботската иднина и цивилизација, не потекнува од средбата со нешто непознато и непредвидливо, туку од потсвесното препознавање на нешто што и сами со голем успех го практикуваме.

 

Извадок од дневникот, 1984 година


hakfin | 05.12.2013 | twitter