Наклапања со шестиот прст...

Еве една преписка која ми осуна во инбокс да ја објавам. Ја објавувам на драго срце, во целост. Можеби ќе прерасне во рубрика предвидлива и редовна како квантна честичка, а можеби само ќе блесне како супернова, или ќе остане темна точка како квазар. Ќе видиме и ќе кажете. Од овде, препуштам на „нив“ hakfin roger and out…

Б.С. Здраво. Со еден другар, не се глеаме скоро ич, освен онлајн. На работа, на чет кај Џемаил. Често знајме да забегаме, во живот, вселена и се останато. Од економија, политика, името, смислата на живото, Скотите и Скитите... филмој... Со години така...често си викаме ова е за да го чита поширока публика, ама никако да го напрајме то доволно педантно.. и еве ова можи ќе го биди. Знајме оти е забегано, ама ако ти фаќа око, пуштај слободно!

Се почна со мејл со ваква содржина:

Пази: ви ар натинг бат вејвс, енд год из а сурфер. Опули:

Reply: М. И.

Една реченица шо ја имам слушнато од експертите по теориска физика на Discovery- "материјата е кондензирана енергија".

Овде Тесла вели "Universe... = energy, frequency and vibration".  Се на крајо ќе се сведи на енергија или некоја представа за неа, по мом мишљењу. Не знам дали ти имам кажвано, ја ти сам као убеџен да смо у витуелном свету.

Не само од овие последни цитати, него најмногу ради аномалите на простор/времето по Ајнштајн и оние парадокси со се јавуват во квантна физика - као близнаци честици и моментално пренесвање на информација меѓу нив (знаци со брзина многу поголема од брзината на светлината) и оние финти као "ако го гледаш електроно врви низ пукнатина како честица, ако не го гледаш врви како бран" или обратно...

Извињавајте, ама пошто сум јас во научна смисла чисто Њутн тип, ова мене ми изгледа ко местенка. 

 © blog-quantum-physics

 

Ако ја пружиш раката право напред ќе го "доприш" мониторо на компјутеро и нема да можиш да поминиш низ него со раката. Во Њутнов свет ќе го доприш, а во овај свет вероватно ќе стигниш до просторо во кој е замислено да седи мониторо и тогаш програмата ќе ти забрани да одиш со раката понатаму (освен ако не израчуна дека можиш да го турниш мониторо) и ќе ти јави на твоите нервни завршетоци во прстите да сигнализират нешто кое шо искуствено твојо мозок ќе ти го претстави како "материјално" тело по градба највероватно составено од пластика...

Исто како во видео игра кога со Дуке Нукем не можиш да поминиш низзид, само малце   пософистицирано пошто нервните завршетоци на прстите ќе добијат електрични импулси кој ќе ги пренесат до мозоко и ти искуствено ќе го препознајш енергетското поле на мониторо КО "материја" за то шо немаш никакво друго искуство или назив со кој можиш да го означиш то  "допирање". ТО за мене уствари е само матрица во компјутеро на госпо со точните координати на кој со треба да се наоѓа кондензираната енергија (ака материја) со пропертис: пластика, мазно, собна температура, таја и таја боја (шо е типично енергетски параметар и се базира на начино накој со електромагнетните браној се прекрсват од "материјало", наречено боја со таја и таја бранова должина)...

Да бевме во реален свет немаше на крајо се да испадни само енергија. Немаше да можи да преминва од материја во енергија и обратно по најпопуларната равенка Е = МС2и на крају крајева не гледам НИКАКВА причина зошто максималната брзина во универзумо би била некоја си брзина на светлината, ниту пак зошто ако се движиш со таја брзина времето би врвело различно отколку ако патуваш со 70км/х дур си во некоја лада.

Сите овие аномали мене ми изгледат како некој не баш многу најдобро осмислен универзум, али доволно добро осмислен да функционира. Емто функционира баш добро.

Освен при некој гранични вредности: големи брзини, големи маси, мали маси, мали величини ко шо е електрон...

Јебига, програма во продавница која со перфектно работи 20 години можно е да забрља ако на касиерката му текни "ај да видиме шо ќе се деси ако наместо 30ден за парче леб клам -1ден?" или ако "наместо 2 конзерви сардина клајме -1 конзерва?"

Можно е да пукни програмата и те избаци во ДОС, а можно е да продолжи да работи, ама ко ќе пробаш да добиеш некој извештај за дено на кој имаш внесвано -1 наместо некој логични вредности како со е: 2+5+3+ -1= 9 ќе добиеш unsigned integer overflow и резултато ќе биди: 2+5+3+ -1= 85763427+10Е.

 

© Google Images


 

Шо значи, јас мислам, дека можиш да напрајш некој импут на овај виртуелен свет, на ова програма која предизвиква БАГ и со то добиваш непредвидлив аутпут или некој чуден аутпут, како во случајо на прадоксите од квантна механика...

Са друге стране, по ова логика, мислам дека можиш да напрајш и нешто шо ќе предизвика крах на програмата. Некаде ќе се појави порака слична на она "this program has perfomed an ilegal operation and will beclosed by windows"  ама ние нема да ја видиме...

Прилично scary stuff а?

И при то не мислам дека ќе се напрај run-time-error и ќе се уништи Земјата. Пошто ако го користиме зборо уништвање, ќе се уништи универзумо. Госпо програмер(и), ќе види кај се јавил БАГ, ќе анализира, ќе гопопрај баг-о, ќе ја стартова програмата пак и ќе му ги вчита сите параметри од базата до моменто кај шо бевме и НИЕ ќе се продолжиме со работа, нормално без ништо да приметиме.

Ова можда се има дешавано често досега. Уствари сега брзо на Discovery гледав како научниците сметат дека во еден момент се десила некоја промена во законите во универзумо. Пример некаде окулу 10-11 милјарди години предходно. Ко да е попраен некој БАГ. Пошто се смета дека се ова е старо некој 14 милјарди години.

Претпоставувам кога би се десила таква промена, при поголемо крпење на програмата,  ќе се сети и ќе можи да се детектира со сите оние телескопи кој ги фаќат информаците од другите делој на космосо временски десени пред мнооооогу години. Пошто базата на податоци на програмата се користи стално истата, ради имање некоја "состојба" со која со можи да се продолжи, а не стално да се почнува од почеток, фактички можно е да ги сконташ некој поголеми петчој на програмата со то шо се менва записо во базата, АМАпод услов базата да не ја зачистат или да неможат да ја зачистат.

Пример, при посматрање на галаксија оддалечена од нас 13 милјарди години, ако заприметиме доста податоци за физички закони кој денес се ирелевантни, ете ти!

Програмата пукнала пред 10 милјарди години ради то шо „позитроните, се рефлекритале од квази-вонгабуларистичната обвивка на јадрото на атомо" ја петчоват, ја укинват таја "квази-обвивка" и ја стартоват пак програмата со последната состојба.

Последните 10 милјарди години  ќе нема податоци и нема да постојат физички феномени за таква особина на "материјата", ама ако ѕирниш со телескоп уназад 12 милјарди години ќе видиш дека имало такво својство на "материјата". Сето ова е пример на случај во кој не ја исчистиле базата на податоци да соодвествува на новото егзе на програмата, дали оти неможи дали оти тој шо го напрајл то бил аљкав...

База на податоци би бил запис на сите параметри на моменталната состојба, најпросто напраено - моменталните координати на секој атом во универзумо и неговио вектор на брзина.

God giveth, God taketh away.

Баш би сакал да можиме да седниме со пиво и цигарче в рака, на сонце и да лафиме како да нема утре, па ко ќе дојди смртта по нас и неја да ја седниме со нас на пивце, ама еве кај треба да одам до т-мобиле даземам микро СИМ картица оти некој си го мена телефоно за понов и ко ќе видиш сите трчаме некаде.

 

© Google images

 

Не е битно каде трчаме, туку зошто? И оти не си ојме полека, лезетски? 
 

Martin ISDN

 

Ту бај континент....


hakfin | 20.12.2013 | twitter