52 мајстори на фотографијата - Хелен Левит

„Немам некоја дарба да зборувам, затоа се изразувам со фотографии.“ Хелен Левит

New York, circa 1940, © Helen Levitt.

Courtesy Laurence Miller Gallery and/or power House Books


 

Една од најважните личности во современата фотографија е њујорчанката Хелен Левит. За повеќе од 60 години, нејзините тивки, поетски фотографии направени на улиците на градот каде што го живееше поголемиот дел од својот живот, инспирираа и воодушевуваа генерации фотографи, студенти, колекционери, куратори и љубители на уметноста, воопшто. Во текот на нејзината долга кариера, фотографиите на Хелен Левит го портретираа искрено животот на луѓето на улиците на Њујорк. За неа велат дека била „еден од најголемите поети на урбаниот живот.“

Драги Неделчевски - Фото сојуз на Македонија


Ranti | 26.08.2014 | twitter