52 мајстори на фотографијата - Ман Реј

„Фото апаратот не ја прави фотографијата. Да се направи фотографија, потребно е да има: фото апарат, фотограф и пред се, предмет на фотографирање. Предметот (субјектот) на фотографирањето го насочува нашиот интерес за фотографијата.” Ман Реј
 
© Man Ray, The Kiss, 1935



Ман Реј (роден како Емануел Радницки, 1890-1976), бил американски уметник, модернист, дадаист и надреалист. Најголем дел од животот и кариерата минува во Париз, Франција. Тој работел во различни медиуми, и иако самиот себе си се сметал за сликар, во светот на уметноста најпознат е како авангарден фотограф. Реј е исто така познат по неговата работа со фотограмите (фотографии изработени без употреба на фотографски апарат), кои тој ги нарекува “rayographs” (рејографии), според своето име.

Драги Неделчевски - Фото сојуз на Македонија


Ranti | 04.01.2015 | twitter