52 мајстори на фотографијата - Вилијам Клајн

„Бидете свои. Јас многу повеќе сакам да видам нешто, па дури и да не е којзнае што, само тоа да не не изгледа како дело од некој друг.“ Вилијам Клајн.
 
© William Klein, Bikini, Moscow (1959)



Вилијам Клајн (Њујорк, 1928), е фотограф и режисер познат по неговиот ироничен пристап на двата медиуми (филмот и фотографијата) и неговата употреба на необични фотографски техники во фото-новинарството и модната фотографија. Со употреба на широкоаголни објективи и телеобјективи, со употребана „блур“, и воопшто со неговиот специфичен пристап кон уличната и модната фотографија, тој ги отфрлаше наметнатите правила во фотографијата, изградувајќи сопствен стил.  Иако не беше школуван како фотограф, остави и остава длабока трага во современата фотографија. Долги години живее и работи во Париз.

 

 

Драги Неделчевски - Фото сојуз на Македонија


Ranti | 08.02.2015 | twitter