The Government - Она што ние претставуваме е спој на нашата слободоумна мисла искажана преку ноти и стихови

Историјата многу добро покажува како секоја општествена промена најчесто ја следи промена во доменот на уметноста. Горан Јаневски, Златко Никодиновски, Александар Тунев и Томе Спасовски се The Government, бенд од Битола кој дразбите од општествените промени одлучува да ги искаже преку јазикот на музиката.

N/A


Plagij.at :   Кои се The Government и од кога функционирате како бенд?

The Government : Функционираме како бенд од кога ја увидовме потребата за достојно да ја искажиме нашата идеја. Она што ние претставуваме е спој на нашата слободоумна мисла искажана преку ноти и стихови. Нашиот став е преку музичка форма да ги отсликаме промените кои не‘ зафаќаат нас самите, а се одраз на самото променливо општество во кое живееме.

 

Plagij.at :   Која е приказната позади името на бендот?

The Government : Во овој систем на постоење најголема промена врз животот на обичниот човек може да донесат оние народни службеници кои самите тие ги избрале. Тоа е и нашата цел, да промениме барем една работа во кој и ние самите сакаме промени, промени во начинот на размислување, во сеопшто сфаќање на потребите, потребите да се биде човек.

 

Plagij.at :   Јас лично, на прво слушање, успеав да детектирам влијание од Queens of the Stone Age. Дали сум во право и кои се останати музички и немузички влијанија врз вас и вашата музика?

The Government : Спектарот на музички влијанија е широк. Почнувајќи како и самата што наведе од Queens of the Stone Age, преку незаборавните мелодии на The Clash, Talking Heads, The Smiths, Radiohead, Muse како и прогресивните правци на Interpol, Editors, Unkle, Porcupine Tree се само дел од многуте бендови кои што извршија влијание врз нас.

N/A


Plagij.at :   Што претставуваше концертот Historia de unamore кој го одржавте минатата година?

The Government : Historia de unamore  беше проект со кој сакавме на еден нежен начин да се вратиме во не толку далечното минато, минато кое ги означуваше начите почетоци во музичките води.  Секој од нас како член на ралични бендови кои твореа во периодот од 1998 до 2011 година (Promasena investicija, Fluor, Three Minutes in the Rain, Nebo)остави различен белег на музичката сцена. Со овој проект ние направивме една ретроспектива на нашите мисли и доживувања кои ги имавме искажано преку музиката која ја создадовме во тој временски интервал.

 

Plagij.at :   На тој концерт премиерно ја изведовте вашата песна Falling Away за која на почетокот на годинава го објавивте и видео записот. Видео запис кој фигуративно го прикажува она меѓу редови прочитаното од текстот.  Кажете ми збор или два за идејата, концептот и реализацијата.

The Government : Кога ќе се осетите потиснати од тежините кое ова време- невреме ги носи со себе, ја насочуваш својата креативна мисла кон тоа да можеш да ги отфрлиш сите негативности од себе и да излезиш како чист човек. Потикнати од секојдневниот круг на бескрајно повторување на она што се нарекува живот, ние дојдовме до таа идеја да го преточиме во игра на мелодично искажани зборови. Концептот се градеше спонтано, со нафрлање на идеи и нивно сложување за подобра реализација, пред се‘ на приказната која сакаме да ја кажиме.

N/A


Plagij.at :   Дали ова е навестување за вашиот албум и кога да го очекуваме?

The Government : Па секако да. Моментално The Government работи на својот прв албум кој ќе го реализираме оптимистички на почетокот од летото оваа година.

 

Plagij.at :   Каде се гледа The Government во блиска и подалечна иднина?

The Government : Се гледаме на наредна седница! :)

N/A

Најблиската наредна седница е закажана за 3 април во МКЦ каде The Government ќе настапат како гости на концертот на Скајрајз.

Плагијат им посакува многу успех!

 

Интервју бај: Јована Мишкоска


Ranti | 18.03.2015 | twitter