Хаксли му пишува на Орвел: 1984 и храбриот нов свет

Интересна, едонстрана преписка на двајца литерарно-философски гении, кои имаат спротивставени визии за тоа како ќе се одвива процесот и кои ќе бидат методите на потполната контрола. Сигурен сум, сите кои сте кликнале овде, во некој момент ги мачкале на леб секое утро, и нема потреба особено да ги претставувам.

Интересен е и исходот, можеби и малку неочекуван (слично како и тоа кој е посилен Роки или Рамбо...).


 

Оригиналните изданија на двете книги

 

Иако тешко дека можеме да ги осознаеме во целост мотивите на Хаксли за ваквото писмо, дали и во колкава мера има его, суета и слични нешта, содржината е, особено од денешна перспектива, кога веќе не можеш да туриш еден смрден вибер на телефон, а сите, па и оние за кои си бил среќен дека си заборавил дека постојат, да не дознаат дека еве, и ти си таму. И можат да те реметат. Кога веќе повеќе од еден уред точно знае каде си, каков вкус имаш, а те труе со кечи невкус на сите страни...да не зборуваме за спрдачењето од забавата за овците, за да не си ја валкаме страната, со прислушуваните разговори...сорджината на писмото е многу, многу прониклива.

Иако, треба да се спомне, дека можеби и Хаксли не е потполно во право, затоа што, кога нештата малку повеќе загустат, сеуште се применува стариод добар пендрек...

Елем...

 

 

 

Во октомври 1949 година, неколку месеци по објавувањето на дистопиското ремек дело 1984, Орвел примил фасцинантно писмо од Хаксли-човекот кој 17 години претходно ја објави својата кошмарна визија за светот, во романот Храбар нов свет. Писмото што почнува со пофалби наскоро станува споредба на двата романи и објаснување зошто Хаксли верува дека неговото дело сепак пореално ја предвидува иднината на светот.

Ова не е прв контакт на двата писатели: триесет години претходно, Хаксли му предавал француски на Орвел, на Итон колеџот. 

Рајтвуд, Калифорнија

21. Октомври, 1949

Почитуван господине Орвел, 

Многу љубезно од Вас што сте побарале од своите издавачи да ми испратат примерок од вашата книга. Стигна додека бев на сред работа која бара многу читање и проверување на референци, а бидејќи сум, заради лошиот вид, принуден да го намалам обемот на читање, морав да почекам долго време пред да бидам во состојба да се впуштам во читање на 1984.

Се согласувам со се што до сега пишуваа критичарите и мислам дека не морам да ви повторам, уште еднаш, дека вашата книга е исклучителна и фундаментално важна. Дозволете, место тоа да зборувам за тоа со што книгата се бави – конечната револуција. 

 

 

 

Прво навестување на философијата на конечната револуција, вон политиката и економијата, која има за цел потполно психолошко и физичко потчинување на поединецот, може да се најде кај Маркиз Де Сад, који за себе сметал дека ги продолжил и надоградил идеите на Робеспјер и Бабеф.

Философијата на владеачкото малцинство во 1984 е садизам кој е доведен до својот логичен заклучок: надминување и отфрлање на сексот. Но, чисто се сомневам дека во реалноста, политиката на директно угнетување би можела да потрае.

Верувам дека владеачката олигархија ќе изнајде помалку напорни и штедливи начини на управување и задоволување на својата жед за моќ и дека овие начини ќе наликуваат на оние кои ги опишав во Храбриот нов свет. Неодамна имав можност да ги проучувам историјата на биомагнетизмот и хипнозата, и се шокирав како светот, цели 150 години, одбивал сериозно да ги разгледа откритијата на Месмер, Брејд, Ездајл и другите.

 

 

 

Делумно заради преовладувачкиот материјализам, делумно заради својот влијателен углед, философите и научниците од деветнаесетиот век немале волја да ги истражуваат почудните аспекти на психологијата – таквите кои за практичните луѓе, како што се политичарите, војниците и полицајците би биле употребливи за воспоставување контрола.

Благодарејќи на доброволното незнаење на нашите претци, конечната револуција е одложена за пет или шест генерации. Уште една среќна околност беше Фројдовиот неуспех со хипнозата, и неговото понатамошно постојано обезвреднување на истата. Ова ја одложи примената на хипнозата во психијатријата за најмалку четириесет години. Но, сега, психоанализата се комбинира со хипнозата...а хипнозата се постигнува лесно, и неограничено се продолжува со употреба на барбитурати, кои индуцираат хипноидна и сугестибилна состојба и кај најтврдоглавите субјекти.

Верувам дека светските владетели во следните генерации ќе откријат дека условувањето на децата и нарко хипнозата се поефикасни сретства за контрола од пендреците и затворите, а дека жедта за моќ ќе може сосема да се задоволи со наведување на луѓето да го засакаат своето ропство исто толку колку и со тепање и присилување на послушност. 

 


 

 

Со други зборови, претчувствувам дека на кошмарот на 1984 повеќе му е судено да се претвори во кошмарниот свет кој е посличен на оној кој го замислив во Храбриот нов свет. Промената ќе се случи од потребата за зголемување на ефикасноста. Во меѓувреме, секако, може да се случи некоја голема биолошка или атомска војна – во тој случај, ќе имаме ноќни мори од некој друг, незамислив вид.

Благодарам уште еднаш на книгата

Искрено Ваш

Алдоус Хаксли

 

 

 

Веруваме дека нема да замерите дека е дрпнато и преработено од БУКА

И, весели додатак: 


hakfin | 16.07.2015 | twitter