ДримING ON.

Еден бенд, 23 години подоцна, ист град и енергија. Тело-Наука Совршена повторно на сцена.

На 25 јули, во склоп на третото издание на фестивалот ДримON во Струга, во делумно изменет состав, а на наше огормно задоволство- на музичката сцена се вратија култните Тело-Наука Совршена.

Јована Мишкоска

Летната сцена во центарот за култура “Браќа Миладиновци”во Струга беше преполна со публика во добро расоположение од што се создаде соодветна атмосфера за едно вакво “музичко воскресение”. Музичкиот дел од програмата го отворија енергичните “Bernays Propaganda” со “Сакав да се заљубам”која е дел од нивното ново демо кое излезе пред два месеци.  Во  40те минути кои без резервирани  за нив, публиката доби добар вовед во она што следуваше.

Во кратката пауза помеѓу можеше да се насети возбудата кај публиката очекувајќи ги Телонаука да излезат на сцена. Без некаква посебна најавапочнува “Небо”овојпат збогатена со звук на тромбон. Од старата постава на бендот, одекнува карактеристичниот вокал на фронтменот Сашо Кленкоски и ритуалните удари на тапанарот Антонио Гоџоски, додека Ненад Мургоски на клавијатура, Јован Затуроски на бас и Никола Матоски на тромбон му ја вдахнуваат новата енергија на стариот постпанкерски дух.

Јована Мишкоска

 

Покрај изведбата на нивните стари хитови, беше изведен и дел од новиот материјал што јасно зборува дека овојпат бендот планира да се задржи на музичката сцена. Исто така, не‘ почестија и со изведба на нивната преработка на “1000 години темнина” со која се дел од трибјутот на Падот на Византија.

Покрај дождот дента, Телонаука беше супер музичко освежување за вечерта.

Им посакуваме многу успех, здравје- и на промоција да се видиме! :)

Фотографии бај Јована

 

Јована Мишкоска


Ranti | 02.08.2015 | twitter