Таксират, Рундек и Карго, МКЦ

Иако концертите на Рундек секогаш се полни со енергија, динамика, емоции, овој последниот, на Таксират 2015, слободно можам да кажам, беше еден од ретките со таков силен интензитет и толку моќна добра вибра. Покрај омладинци кои ги слушавме дека бараат карти за Зденко (Рундек!) повеќето од луѓето кои беа на концертот беа барем седамдесет и неке и беше напорно и шармантно да се движиш во просторот. Ми се чини дека само на годишница на матура имало повеќе раја за поздравување на метар квадратен.

 

Дарко енд Карго © Сашо Алушевски

 

Елем. Полна сала, пуно зноја. Ме понесе атмосфера и нема добри фотки. Сигурно на други места ќе најдете и ќе читате за гужвата, ѓубрето, цигарите, новиот албум. Триото поштено отпрашти и два пати се врати на бис. Ферски. Ништо спектакуларно што ќе го смени светот. Ама си отидовме поубави одошто влеговме. Иц мор ден инаф. 

Галерија

 


hakfin | 03.12.2015 | twitter