Судар со Дакрвуд Даб!

МКЦ, 13ти Февруари, предсветитруфунско валентиново. На сцената гости кои доаѓаат од некое место кое е некаде измеѓу шумата на Загор и Загорје зелене.  Одличен концерт на Дарквуд Даб.

Втор нивен концерт во Скопје, и тоа после доолго време. Преполна сала, концертот распродаден однапред. Одлично преселектирана публика, генерациски прикладна, стокмена, политички коректно балансирана, да се не осећаш ко Усамљени Хашишар меѓу тинејџери. Како и што се очекуваше Дакрвуд Даб не растурија У Парампарчад и не возеа до У Недоглед ... дури и моиве 4х4 леви екстремитети со особени пречки во движењето добија порив да се размрдаат и така од некретнина, со рационална утеха во себе дека Није људски ћутати обидувајќи се да што помалку потсетувам на Форест Гамп, скокав како кога прв пат ужував во склапањето на Електропионир! А се тешам дека тие околу мене мислат Он поскакује млад!


 


Чесно одработени два и пол саати. Аферим. Навистина направија одлична, еуфорична атмосфера, човек да се понадева дека можда дури и живот почиње у четрдесетој! Без дополнителни хемии и стимуланси само со законски дозволен ферментиран Шећер играм као Робот, Лака радост, надоаѓа и У свим правцима, Муњевитом брзином, Као река, Улазим у Харлем, го поздравувам чувството: Хеј Гринго!, Ја те потпуно разумем! Судар, Колотечина и Караван осећања...све пршти као Супернова, нема веќе грижа на совест и не мислам дека сум Дангуба...кратки проблесоци од Луноглед, а Простор између нас е Нешто сасвим извесно, Неправда! и Судар и одма Имамо ситуацију, тоа е  Догађај без преседана, и ок Није драма, поривот за Јединство ме тера да применам Стратегија бумеранг, со неверојатна Сила повторно ме привлекува пошто игра као Чигра, се шуњам као Облак хитре сенке. Дишем. Тоа е Стварност. 

 

 


 

Се прибирам У праскозорје. Исцрпен и исполнет.

Видимо се, У новој епизоди!

 

Галерија


hakfin | 16.02.2016 | twitter