Дуке и пријателите, масовно...

Два концерти на Дуке Бојаџиев и пријателите викендов во Метрополис арената. Покрај камерниот оркестар на сцената се појавија Тања Царовска, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Костас Анастасијадис и Матијас Кунзли. На првиот концерт го имало и Никола Ристановски со рецитал, на вториот тој дел изостана. Два концерти. Првиот распродаден. Аферим. Да не мислиме дека само Цеците можат да ја наполнат салата. Тоа е охрабрувачки на секој план. 


 

Дуке и пријателите © Сашо Алушевски


 

Според пишувањата негов најголем концерт. И веројатно тука лежи најголемиот проблем за уши како моите. Сметам дека музичарите одлично си го изработија својот дел, но Метрополис арена, едноставно не е простор за ваков концерт. Целото чувство беше дека сум на некој просечен концерт на Оливер или некое слично квалитетно ама поп издание за луѓе над 50 години.

Од концерт на Дуке очекувам топлина, интима, па ако треба и патетика. Во овој контекст, во сала која некако го стерилизира звукот и целото доживување, едноставно тоа не е возможно.

Да нема заблуди, реакциите на публиката беа битно различни од моите и многу попозитивни, можам да речам, стекнав впечаток дека поголемиот дел од публиката беше воодушевена. Можеби, напросто јас сум бил во погрешно расположение на погрешно место.

 

Галерија


hakfin | 22.02.2016 | twitter