Викинзите на Балканот

 

Во 1989 г. престојував во Шведска, еден месец, јули, вистинско лето. Тамошните колеги од мојата бранша ми укажаа на над 10 камени стени, споменици со викиншки руни, на кои пишува дека во 10 и 11 век нордијци се бореле во источниот Медитеран, од страната на ромејскиот цар.  Да бидам попрецизен, се мисли на Византија, но тој термин не се користел во времето кога постоела државата. Внесен е во 18 век од францускиот историчар Монтескје. До крајот на царството - 1453 г.вторник, 29 мај, народот се нарекувал Ромеи - Римјани. Во Источното римско царство, вториот Рим, во 6 век престанале да го користат латинскиот и го прифатиле грчкиот јазик (оттука е името на династијата Палеолог - старозборување).

Значи, при тој престој во Шведска, искрен да бидам, не обрнав многу внимание на тие споменици и руни. Имав само моментален интерес кој со текот на времето избледи. Денес, после 26 години,  пак се навраќам на спомените и Шведска. Мислам дека дојде времето конечно да се зафатам со горенаведената тема.

Во 852 г. Константинопол за прв пат е

Руско-викиншка опсада на Цариград

 

Нападнат од Викинзите - Руси

читаме во Несторовиот летопис. Викинзите се појавиле пред ѕидините на Константинопол (кој на нордиски го нарекувале Миклогорор - Голем град), успеваќи да извојуваат поволни трговски привилегии. Во 907 год. пак се појавуваат на Босфорот и добиваат уште поголеми трговски привилегии. Словените од Македонија во тоа време (Самоиловото царство) Ромејот Јован Ѓакон во 986 г. на пр. ги именува со името што го носеле до 869 г. Славинија; Во 986 г. пак Лав Ѓакон Словените ги нарекува Мизи (од таму Хераклеја Мизиска). Оваа година за нас е многу битна бидејќи, Викинзите се интересни од 17 август 986 г. кога Царот Самоил кај месноста Трајанова порта катастрофално (зборот е старогрчки и значи „лоша ѕвезда“) го победува ромејскиот цар Василиј Втори. Тој пак, во 988 г. ја мажи својата сестра Ана за викингот од градот Киев, Валдемор, односно по словенски - Владимир Први Свјатославич, кој патем кажано имал уште 800 други конкубини.  Со тоа име го бележат Украинците, а на старонордиски е  забележан како Валдамор - Valdamorr (958 - 1015). Во 980 г. станува Jarll - што на нордиски значи „моќен“. Словените го нарекуваат књаз. До 14 век Викинзите владеат со Словените на териториите на денешна Русија. Владимир во чест на женидбата, на својот шура му испраќа 6.000

Варјази - професионални борци - Викинзи

да се борат против Самоил и др. бунтовници. На нордиски Vaeringjar, грчки Βαργγοι - Varangoi, украински, руски варјаги  - освојувачи на просторот на источна Европа во Русија, Украина, Белорусија, Полска, и Византија - доаѓа од нордискиот зборvar - заклетва, што значи дружина под заклетва, а ги води неговиот омилен варјаг Олаф Триглавсон (960 - 1000), кој од од 995 - 1000 е крал на Норвешка.

Името „Руси“ некои сметаат дека доаѓа од руж - црвен (црвенокоси). Други пак од финскиот збор „руатци“ - веслачи. Во секој случај и двата се во корелација, и денеска на германски за црвен е зборот rot, а дека се веслачи познати се по нивните бродови - дракари. Но познато е дека Словените од нивните господари го зеле името Руси, како што читаме кај Нестор Летописец.

Овие Викинзи - Руси, варјази, биле само социјална група на луѓе од Скандинавија, а не народ со целосен идентитет. Кога се сместиле во Константинопол, центарот на Ромејското царство, ги запоседнале крчмите и борделите. Годишна плата им била 40 златници и многу, многу други бенифиции, така што низ музеите на Шведска видов многу златни предмети од Византија, што ги донеле варјазите. Во суштина, заради нивната лојалност во единицата наречена Викингшка гарда, (и незнаење на јазикот), како и борбеноста, служеле како телесна гарда на царот и како елитни единици во византиската војска. Тие знаеле техника за ослепување со киселина,и највдројатно варјазите биле тие кои после битката на Беласица на 29 јули 1014 во вечерните саати, ги ослепиле самоиловите војници.

 
Варангиската гарда во Константинопол, илустрација во
хрониката на Јован Скилица

 

Од 988 г. па се до 1097 г. за Норманите (име за северните народи од  Данска, Норвешка и Шведска, кое важи и денеска) Балканот станува место за вработување на огромен број Скандинавци - Руси. Доаѓале и се враќале назад, носејќи злато од Балканот и потикнувајќи ги младите Викинзи да се приклучуваат во Варјашката гарда во Константинопол. Постои во историјата дури и

 

Пат на варјазите

кој од Скандинавија се спуштал до Константинопол, денешен Истанбул, (името на градот значи „Стар град“) пловејќи со нивните бродови - дракари по реките Нева, Волга, Дњепар, Дњестар, Дон, Одра и Вистула. Се мисли дека по патот, освен Русија, тие ја основале и Полска како држава, бидејќи полскиот прв владател Мјешко е Викинг - паган. Дракарите ги префрлувале од една река во друга, преку суво, влечејќи ги сами или со помош на месното населени (сигурно под принуда).

Оттука е заклучокот дека покрај наемништвото, трговија и пљачка, Викинзите ги користеле народите кои ги покориле - или во нивните походи, или како робови за продажба. Познато е дека на Арапите во Константинопол и Багдад им продавале илјадници робови од словенското население (можеби и отаму е помислата дека Мамелуците од Египет имале словенско потекло). Најверојатно и англосаксонскиот израз за роб води потекло од името на Словените, инаку на германски за Словени се користи терминот Венди - Вендишен.

Базично место каде се собирале при нивниот Варјашки пат било пристаништето Херсон, град на полуостровот Крим на брегот од Црно Море, бивша старогрчка колонија, стара повеќе од 2500 г. (Херсон на старогрчки значи полуостров). Во овој град во 988 г. покрстен е Владимир, синот на Свјатослав, како предуслов да се ожени со византиската принцеза Ана, сестрата на ромејскиот цар Василиј Втори. Со него се покрстени и поголем број варјази и Словени, барем номинално (само да се именуваат како христијани, а после ќе тераат по старо). Владимир е јунакот на Несторовиот летопис, каде е спореден со Јован Крстител.

За Словените од Македонија, Нестор остава податок кој воопшто не го експлоатираме - за среќата на рамноапостолите Кирил и од покрстувањето на Русија и за нивните плодови на просветлувањето. Тоа значи дека Русија е покрстена непосредно од Кирил и Методиј, па затоа и писмото им е кирилица.

 

 
Рунски потпис во Света Софија „Халвдан беше тука“

 

Од Киев до Херсон пловеле по Дњепар а од таму по Црно Море, па по реките Дон и Волга пристигнувале во Касписко море. Во Шведска постои еден врежан рунски натпис на камена стена - споменик, посветена на Ингман патникот (од ова викиншко име изведено е руското Игор) кој му служел на кнезот Јарослав, а вели дека Ингман стигнал до Грузија. Грузијците Грузија во нивниот јазик ја викаат Сакатвело, а Викинзите Саркланд. Со оваа констатација се побива западното тврдење дека Саркланд ја викале заради Сарацените. Фактички зборот е идентичен со името кое го има во автентичниот говор.

Во црквата „Св. Софија“ во Константинопол постои графем со руни, врежан во мермер, од некој Викинг - варјаз, а преводот гласи: „Халфтан беше тука“.

Ибрахин Ибин Јакуп од Шпанија тргувал на реката Волга со Викинзите - варјази, наречани Руси. Тој ги опишува како варвари, вели дека се сурови и бесрамни, а биле тетовирани од глава па до петиците. Најмногу тргувале со амбо (килибар), те. јантар кој излегувал со брановите од Балтичко Море во балтичкиот слив. Тоа е скаменета смола, што докажува дека Балтичкото Море се наоѓа над некогашна зимзелена огромна шума, покриена со вода. И денес, туристите после големи бранови на брегот собираат килибар во Балтичко Море. Експлоатирањето на овој украсен материјал е уште во Антиката, се сретнува дури и во Египет, а особено го ценеле Римјаните. Го користеле и муслиманите особено за бројаници. Се цени според бојата - темна и светла портокалова боја, потемниот е поскап. Тргувале и со кожи. Кожата во Константинопол за оној кој што ја носел претставувала престиж.

Нестор Летописец (1056 - 1114) со летописот

 

Историја на минатите години

спомнат претходно повеќе пати, е средновековен киевски монах. Во 1073 г. станал монах во Киевопечерската лавра. Пишува дека од првите тројца повикани варјази да владеат над Словените е Рурик по кој се нарече и руската земја. Од него го имаме првиот официјален историски извор за варјазите и за државотворноста на Русија.

Вториот извор се камените стени - споменици со рунски записи. Такви графеми има неколку илјади, низ цела Скандинавија. Руните ги користат и Германите од левата страна на реката Рајна, особено племињата Чируски, Убици, Свеви (во римскиот период), сите спуштени од Скандинавија во централна Европа. Постои постар и помлад алфабет. Најстариот алфабет се вика футхарт, содржи 24 рунски знаци. Во 7 и 8 век доаѓа до јазични промени, особено фонетски, со што настанува младиот футхарт кој го карактеризира редуцираниот број на знаци, вкупно 16 на број. Камените стени - споменици со врежани руни поставени се на места каде што треба да се видени, долж патишта и пловни реки или пред цркви - поранешни пагански светилишта. Главно сведочат за нечија смрт, за Викинг кој не се вратил од поход или пљачка. Ги подигнале роднините на погинатите, но можат да се видат примероци на некои локални моќници, кои им даваат до знаење на другите за нивните достигнувања.

Нордиските саги се исто така своевиден извор на информации. Запишани се во 13 век на Исланд, кога Викинзите  веќе два века биле христијани. Меѓу научниците има поделени мислења за вистинитоста на сагите, но археологијата многу од нив потврди, како што е примерот со сагата за населувањето на Гренланд од Ерик Црвениот и Винланд (Северна Америка, а зборот значи висока трева) од Леиф Ериксон, синот на Ерик Црвениот.

 


Тракиска жена убива вајраг кој се обидел да ја силува. Од неговите другари ги добива 
пофалби и почит, како и предметите што тој ги поседувал.

 

Еден од најпознатите Викинзи кој бил

 

Платеник кај Ромеите

во Константинопол е варјазот Харалд Хардрада или на нордиски Harald Sigurdsson (1015 - 26.09.1066). Кај скалдите, дворските пејачи и во сагите, е познат под името Hardrada - во превод - „строг совет“ или пак „тежок владетел“. Тој станал и крал на Норвешка од 1046 до 1066 г. како Харолд III. Долг период од животот го поминал во прогонство, како платеник, наемник и воен командант во Ромејското царство. Во 1033 г. заминал за Константинопол како капетан на Варјашката гарда. Во западната литературата запишано е дека се борел во Бугарија (веројатно и во Македонија која тогаш е под власт на Бугарија) со бунтовниците кои биле против царот. Во 1042 г. ја напушта Византија за да го заземе местото крал на Норвешка, бидејќи претходно бил прогонет благородник, принц. Загинува во 1066 г. во селото Стенфорд Брич во Англија, во исто време кога Норманите од Нормандија (денешна Франција) на чело со Вилијам Бантлинг (староанглиски: копиле) во месноста Хестингс го победуваат англискиот крал Харолд Годвинсон (Harold Godvinson е погоден со стрела во око). Така Вилијам, потомок на Нормани - Викинзи (за терминот Викинг се` уште нема дефиниција, само нагаѓања) од Нормандија во Франција, станува крал на Англија (кралицата Елизабета Втора води потекло од него). Освојувањето е прикажано на таписеријата од Баје во Франција, долга е 70 м. а широка 50 см.

Таписеријата во Баје, детал
 
 

Викинзите од елитните единици, наречени

 

Берзеркери

(berserker, на англиски - луд, лудак, беро е и мечка, бер на нордиски е и гол) во битката кај Стенфорд Брич користеле допинг за да ја зголемат нивната сила и енергичност. Еден воин-берзеркер сварил печурка, amanita muscaria (доаѓа од Сибир, зборот е монголски значи „заспана земја“) со медовина. Ако печурката конзумира во поголеми количини, настанува смрт, а во мали количества е како дрога, човекот е безумен и крајно агресивен, од устата му излегува пена и почнува да испушта крикови, грчење. Таков едеј берзеркер со секира со долга рачка во рацете, застанал на мостот и голем број на воини од страната на англосаксонците убил сам. Викиншката секира со долга рачка ја освојувала победата, сечилото е 30 см. мечот со балчак на рачката имал име ulfberht.

Шаховска фигура со лик на војник, најдена при ископувањата на скопското кале,
сведоштво за присуството на викинзите на овие простори. 

Викинзите верувале дека само ако загинат во борба ќе одат во Азгар - викиншкото небо, каде е Валхала - дворецот на Один - врховниот бог, ако пак умре од природна смрт оди во Мидгар - поземниот свет.

Крајот на Варјашката гарда на Балканот е после битката кај Манцикерт на 26.08.1071 г., каде варјазите заедно со византиската војска се унуштени од турскиот Султанот Алп Арслан. Со оваа битка заврши викиншкото време кое траеше околу 250 г.

 
Цртеж-реконструкција на самострел, врз основа на пронајдени делови при ископувања
на скопското Кале

Во Македонија покрај историските податоци за присуството на Викинзите постојат и археолошки, и тоа при ископување на Кале - Скопје во 2007 г. Пронајдени се делови од викиншки самострел и шаховска фигура на војник. Делот од самострелот го реконструира во цртеж проф. Иван Микулчиќ, прикажан со илустрација.

Пишува:

Др. Стевче Тодоровски

 

hakfin | 12.03.2016 | twitter