Оффест 2016, отворање

Ива Битова го отвори петнаесетото издание на ОФФест, 2016.

 

Замисли дека се будиш еден ден, нешто ти е чудно ама не си свесен/свесна што. Сфаќаш дека косата ти е поинаква од што си навикната/навикнат и дека некако телото поинаку ти реагира.

Да ја скратам приказната, сфаќаш дека по некое чудо се викаш Ива Битова и вечер треба да го имаш својот концерт на отворањето на ОФФест 2016.

Што прво ти паѓа на памет? Дали сеуште сонуваш? Кликаш ctrl+z? Па ќе гуглаш да видиш дали ќе може некој од оркестарот да те покрие? Или да видиш можеш ли ти тоа?

Ти стига нотификација дека е се под контрола, дека можеш и дека од утре ќе си бидеш пак ти. Ок, после првите наивни обиди сфаќаш дека е тоа тоа. Најголемиот дел од нас, веројатно би се обидувале да се објасниме со организаторот, да се каже дека има некоја забуна или амнезија... да се извади. Но, прашањето е: Би се обидел ли некој? Би успеал ли да се натера? Би се осмелиле ли?



Iva Bitova © Сашо Алушевски


 

Главната лекција од концертот на Ива Битова, или главното уживање во нејзиниот перформас лежи токму таму. Сите сме родени со една ТАКВА црта во нас. Основа црта. Животот е игра и играта е суштината на животот. И препуштањето на внатрешниот глас. На она суштинското во нас. Не во секојдневните нервози, нити во плановите за следните зимнци или замената на летните гуми, кредитот за ... Не... За животот кој вреди да се игра и да се живее СЕГА, во овој момент, оти веќе во следниот, овој момент прошол, како и следниот, како и следниот, и така сите, за сите оние кои ги мерат и премеруваат и ги планираат своите животи кои никогаш не им испаѓаат според планот.

Ме потсети Ива дека кога сум работел својата работа, многу далеку од музика и пеење навидум. Кога сум бил понесен и инспириран, во ретки моменти. Исто така сум си играл. Без да знам што ќе кажам и што ќе направам следно, ама свесен за својот глас и опкружувањето и секој титрај околу. Браво Ива! Не потсети за што вреди да се дише.  

Сама против свих. Луда, луцидна, прецизна. Бидејќи слободна. Со претсократовско поимање на животот, на Мусике.Го помина своето сега реално, квалитетно, заедно со поголемиот дел од нас. Направи опуштена, пријателска атмосфера каде сите бевме еднакви, добредојдени. Го изживеа, а не го тупо одработи даденото и време. 

Верувам дека значаен дел на гостите не им се потрефи до крај концертот/моментот. 

И нив, потполно ги оправдувам ако овој текст им звучи патетично.

Мене ме раздрма, ме потсети, ми го разигра духот. 

 

Галерија Ива Битова – Татјана Ранташа

Галерија Ива Битова – Сашо Алушевски


hakfin | 28.05.2016 | twitter