Dibidus - нов спот на Hladno pivо

Ина дена после издавањето на албумот „Dani zatvorenih vrata“ и после 6 песни кои живееа на радијскиот и ТВ етер, како „Firme“ или „Vjeruj u mene“, дојде време за нов сингл на Hladno pivо.

Се работи за песната Dibidus, која може да се протолкува и како химна за „мозок на пасење“ и која се чини веќе се доживува како фаворит на албумот.


N/A


 

 „Dibidus е химна за раскалашните, несовесните меѓу нас. Dibidus порачува да не се замараме со информации, ниту важни ниту неважни, туку храбро да стиснеме очи и додадеме гас...“ – коментира Mile Kekin

Dibidus бега од знаење и крши чаши, затоа што ако е "budućnost crni bezdan dopusti mi da ne znam“. – порачуваат Hladno pivo.

Видео спотот за песната  „Dibidus“ носи приказна која порачува како би изгледал светот кога би имале прилика да ставиме розе наочари. Дали би било добро или лошо, останува секој сам да си одлучи.

Режисер на спотот е Vojan Koceić од Сплитското  Pilot Studiо, а според Hladno pivо, „Направил урнебесна постапокалиптична комедија. Мора да се погледне!“
 
Епа, погледнете:

 


Ranti | 29.06.2016 | twitter