Саша Зуровац In memoriam

"...Еее, људи моји, кака је она Љубица курава,то жив створ не би вјерово’. Таман киша престала, склонимо се ми у мрак, под ону стреху, а ја за_гаче.

Кад оно, Бог те мазо, нема гача! Уфатим је одзада – гологуза. А туу смо, мислим се. Ма неам ти ја пуно шта више причати...

Гуслам ти ја, гуслам, ноге ми се тресу, кад одозго, с олука, једна капља, ТУП, право овдје за врат, ко да ме неко канџијом ошин’о.

Спаде чуна, у секунд испуше ко душица. Пита роспија, шта ти би, болан?

Шта јој рече матере ти? 

 

...На морскоме плавом жалу,

гдје чарлија вјетрич мио

плавушу сам бајну снио

о како сам сретан био ..."

Со тие зборови го запознавме Саша Зуровац, на почетокот на филмот Сјечаш ли се Доли Бел, на Кустурица. Го толкуваше ликот на Кликер. Владо Кликер, син на паднат борец, очигледно постар од останатите, познат по тоа што прераскажува свои (измислени) љубовни авантури.  И го протолкува генијално. Очекувано, пошто се играше себе. Играше потоа и мала епизода во следниот филм на Куста, Отац на службеном путу.

Потоа го снема, веројатно насетувајќи го општото лудило, отиде во некое свое.

Последните години се слушна дека е згрижен во една институција за душевно болни, близу Фојница. Почина пред месец дена. Денес му дојде времето на овој текст.

Ќе го памтиме по генијалната изведба, на една од најмеланколичните екс ју нумери, евер. Автентичен сараевско-маалски севдах, од кои повеќето, на некој чуден начин не заболува душата. Апсолутен хит.


 

 

Некаде на троа постара возраст од јунаците на филмот, во раните почетоци  на фамозната транзиција, ние, полни соништа, идеали и мечти, и апсолутно без никакви можности за остварување на повеќето од нив, седејќи на скали „кај Џинтало“ или „на камења“ скоро скршени од секојдневното сивило, катадневно вегетиравме или инкубиравме со години. Се случувало, некој, во тие моменти да ја отсвири мелодијата на Саша, со уста, онака рандом, и инстантно, барем мене, да ме поврзе со цела меланхолична убавина на тој космос....

А ево нас сад....



hakfin | 07.11.2016 | twitter