Леб и Сол simphony, MOБ

Леб и Сол какви што не сме ги виделе до сега, за крај, како што најавија, имено, ова е нивниот проштален концерт.
На концертот - Леб и Сол simphony, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Димитар Божинов и Михаил Парушев, со дебела логистика од оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестро Саша Николовски - Ѓумар, на публиката и приредија 90 минутно уживање. Беа изведени песни од целиот опус на бендот кој за многумина е синоним за македонската рок музика. 
 
@ hakfin


Како што беше најавен, ова е нивниот концерт за збогум под името Леб и Сол и тоа го направија во манир и стил кој доликува на нивната големина.

Вечерва и на репертоарот се уште два настапи во ист манир. 

Галерија

 
 

hakfin | 21.12.2016 | twitter