Мединa Гициќ - Bulberry

 
 
Секогаш сме на страната на млади, свежи, креативни и луѓе на кои им се познава дека посветено, поштено  си одработуват она каде што им е страста. Мисс Bulberry делува како таква. И приде! Не дека е бескраен анонимус, ама секако, сакаме да и дадеме дел од нашиот скромен простор.

Изработува разноразни тракатанци со раце, со страст и мерак. Да чуеме :


 

 

Plagij.at: Која е Bulberry?

Мединa: Изгледа дека и јас тоа често се прашувам, па некогаш знам и да се блокирам во обид да одговорам. Веројатно затоа што не гледам дека постои еден единствен облик кој би опишал која е Балбери. Да кажам дизајнер на накит од секогаш ми звучело претенциозно и неискрено према Балбери. Тоа се само едни мали траги од мене, која прави обиди и екпериментира со боите. Бескрајно променлива природа. Има и една друга вистина, Балбери е место кое за мене е најмое, негде преку кое што знам да се снајдам да ги исканализирам расположенијата и мислите. Цел процес на негување на форма на уметност која едноставно сум ја одбрала или таа ме одбрала мене.

Plagij.at: Акој стои задсето тоа?

Мединa: Прашањево го разбирам како, све океј ова горе, но ајде дај сега меѓу редови. И во овој случај ти е скроз на место. Едно време мислев дека Балбери е мое алтер его. Но во суштина е потполно спротивно и поедноставно. Од секогаш сум била понесена од желбата да создавам и да смислувам нешто ново. Во детството тоа најдобро го спроведував со моите дома, бидејќи,  и да смислев најбанално нешто, ќе ми помогнеа технички да го остварам, што е многу битен дел во развојот на творечката енергија на едно дете. И оттаму инстинктивно дојдов до Балбери. Оттаму и архитектурата како професионална определба, со таа разлика што кон Балбери имам повеќе личен однос, морам да правам нешто, затоа што не знам како поинаку мислите да ги соберам. И притоа чувството е неверојатно, те прави заљубен. И веројатно ќе бидам вечна фантазерка и зависник од тоа чувство, па мора да го одржувам во живот.

Plagij.at: Што ти значи името Bulberry? 

Мединa:Како симбол на “Еј ми текна”.А всушност она што не ми текнува е како дојдов до него, дали имав други предлози.А баш би сакала сега да го најдам тој список на можни предлози за Балбери.  Се сеќавам само дека отидов кај Сања и и кажав сакам да е нешто со bulb, дај помогни ми како да го срочам, доста го мислам веќе.  И Така „–ery“, демек од Jewelry. Па малку подоцна кога сфатив дека има светски моден бренд со слично име, burberry, сакав да го променам, но не ми се даваше. Не знаев кои друго би, затоа што се споив со Балбери веќе.

Plagij.at: Колку долго се бавиш со ова?
Мединa:Скоро 9 години.

Plagij.at: Што те инспирира?

Мединa:Самата уметност во различни облици како и предизвикот технички да се направи истото. Минливи идеи, разни расположенија, нешто што ќе ме заинтригира како појава, било да е личност, амбиент или простор. И скроз е клише. Но одговорот е се. Визуелниот поттик може да биде секаде. Дури и контрадикторно. Некогаш се што е позитивно, некогаш она спротивното. 

 
 

 

Plagij.at: Како настанува една ракотворба?

Мединa:Нaјтешкo се мoтивирaм дa гo пoчнaм мехaничкиoт дел, а пoтoa кoгa пред мене имaм куп спремни, безлични, претхoднo oбликувaни и тaзе испечени пaрчињa глина сaмo спoнтaнo ги склoпувaм фoрмите и бoите врз нив. Првите пaрчињa исцртaни пoнaтaму ми гo диктирaaт прaвецoт вo кoј ќе се движaм зa oдреденa кoлекцијa дa биде целинa.

 

Plagij.at: Кои се твоите купци?

Мединa:Варираат во секој поглед. Гледам доста се променија, а доста и јас експериментирав за да дојдам до ова денес како изгледа. Веројатно сите тие ја почитуваат рачната изработка, без разлика дали моментално се привлечени од уникатноста или општо го практикуваат тој стил. А и не размислувам толку кој е од другата страна, природно си доаѓа да се погодиме.

Plagij.at: Дали практикуваш да изработиш по нарачка или човек треба да си избере од тоа што ти веќе го имаш направено?

Мединa: Сакам да ја направам лична изработката и прифаќам нарачки, само доколку се тоа парчиња накит кои се продадени, па бараат повторна изработка или пак ако некој ми пристапи со идеја/тема и од мене се бара цртеж. И пак, тоа да е во духот на она што го правам. Многу пати, заради обостраната соработка, сум направила нешто што не би се ни сетила да го направам, а ми е драго и ме инспирирало за нешто друго понатаму. Со текот на времето, воспоставив и некои ограничувања, па така, не повторувам повеќе од три пати некој дизајн, а некои, по лично убедување, и ниту еднаш.

 

 
 

 

Plagij.at: Со што си играш во последно време?

Мединa:Кога ќе се заситиш од постојаниот продукт, бараш нешто ново. Така биднаа и бетонските саксии со сукуленти и кактуси. Таа кактусоманиа не е ништо ново, но навистина ми се неверојатно инспиративни билките и секогаш одново се возбудувам кога ќе начекам нов вид што не го знам. Еве најдов начин како да ги купувам цело време, а да не морам да се фрустрирам секојпат кога ќе ми овенат, заради немањато услови за нив во мојата соба. Бетонот пак, е мошне актуелен. Едноставнен и ладен, идеално функционира со експресивноста на билката.

Plagij.at: Како човек да стигне до твоите изработки?

Мединa:Повремено изложувам на организираните базари за рачни изработки. Можам да кажам дека сум задоволна од интензитетот на тоа колку и каде се појавувам, земајќи во предвид дека сите се заситуваме. И ние кои твориме, и купците кои не знаат. Неодамна се отвори концепт продавница во наше МКЦ, кое не собра нас неколку творци, разни изложувачи, и ни ги понуди полиците за нашите прозводи. Што е супер. Сега за сега единствено место кај нас од тој тип.
Исто може и да нарачаат онлајн на фејсбук страницата

Plagij.at:Благодариме, и ти посакуваме уште Bulberry  радости !

Галерија на дел од изработките на Bulberry


hakfin | 27.01.2017 | twitter