ФИЛМСКА РЕВИЈА: Скоро сe за 57 Солунски Филмски Фестивал - I дел

Мегдан на Независните Филмски Продукции и Автори
 
Последниот Солунски Филмски Фестивал, 57-от по ред, Мегданот (културниот натпревар) на независните светски филмски продукции и автори се одржа еден ден порано од вообичаеното (на 3ти Ноември 2016) а заврши еден ден подоцна (на 13ти Ноември 2016) со доделувањето на наградите.
 
Филмот Патерсон во режија на едниот од нај-омилените и карактеристичен претставник на независната кинематографија на глобално ниво - Џим Џармуш го отвори фестивалот првата вечер во 20 часот. Патерсон е симпатичен филм со поетика карактеристична за Џим Џармуш, со истоимен главен лик чија улога ја игра Адам Драјвер, шофер на градски автобус, кој во слободното време во вид на поезија го запишува своето доживување на реалноста и персоналната вистина. Акцијата сместена во градчето Патерсон се врти околу главниот лик и неговиот секојдневен живот разубавен од ликот на неговата сопруга во домот каде се среќаваат уметноста, музиката и поезијата.

Патерсон


 

Галшифтех Фарахани е иранска актерка која одкако играше во филмот Мрежа од Лаги на Ридли Скот во 2008 година и беше забрането да ја напушти својата татковина. Таа е првата иранска филмска ѕвезда која играла во Холивудска продукција. По извесно време и беше дозволено да ја напушти државата и сега живее во Париз.
 
Уште еден филм на Џим Џармуш имаше чест да биде прикажан во специјална проекција, долго очекуваниот документарец за една од неговите омилени музички бендови The Stooges, и неговиот добар пријател фронтменот на бендот, Иги Поп.
 
The Stooges


 

Изборот за почеток на фестивалот од страна на селекторите на главната филмска програма само го потврдува нивниот афинитет кон независните продукции со што овој фестивал може да се афирмира како еден предвесник на нови филмски автори, имиџот кој што всушност го носи во последните години. 

Она што годинава како новина донесува 57-от ТИФФ се нови секции во програмата од глобалната независна филмска сцена како и три филма од Официјалниот Натпревар за LUX’s Prize на Европскиот Парламент. 

Програмата „Надвор од конкуренција“ донесе филмови на ветувачки новодојденци во независната кинематографија: како неконвенционалната надреалистична црна комедија “Swiss Army Man” на Даниел Кван и Даниел Шејнерт (филм кој понесе награда за најдобра режија на филмскиот фестивал во Санденс, Америка), во кој Паул Дано sо улога на очаен самоубиец и Даниел Редклиф како тело со неверојатни способности ги покажуваат своите „без мана“ глумачки перформанси. Неизоставно сакам да го споменам и дебитантниот филм на Ралица Петрова, “Godless” – без Бога во себе, кој освои Златен Лав на Фестивалот во Локарно раскажувајќи приказна за главниот лик кој е анти херој што доживува малку поразлична морална драма кога краде од старите луѓе за кои што се грижи.

Бугарската кинематографија почна да зазема солидна позиција на меѓународниот план. Забележав дека оваа и изминатите години се повеќе нови бугарски филмови се појавуват, млади, храбри автори кои не се плашат од вистината и ја гледаат реалноста со отворени очи, бистар ум и спремни да ја покажат својата досетливост преку својот искрен труд. 
Тука се исто така Аргентинскиот филм “The Long Night of Francisco Sanctis” во режија на Андреа Теста и Франциско Маркез како и “Sand Storm” на Елит Зексер чија драма ги истражува последиците од забранетата љубов на една девојка во село на Бедуини. 
 
Огледало/Слика“ : Кинематографски Рефлексии е нова секција составена од 12 филмови кои како во дует наликуваат еден на друг во полето на формата, субјектот и естетиката. Неколку од нив се: Документарниот филм на Роберт Грин „Катерина ја игра Кристина“ како и играниот филм на Антонио Кампос „Кристина“ – филм за енигматската новинарка Кристина Чабак која се самоуби во живо на националната телевизија во 1974 година. „Последна Шанса“ на Леополд Линдберг 1945 заедно со „Грабеж за пример“ на Џејкоб Бержер. „Барака се среќава со Барака“ на Махмуд Сабагх заедно со „Низ ѕидот“ на Рама Бурстејн. 
 
 
Кристина


 

„Околу Полноќ“: Movies After Darkе селекција на магични, хорор, митски и настрани филмови во кои се чувствува кинематографско задоволство и чувство на вина. Меѓу насловите се „На полноќ ќе ти ја земам душата„ (1964 на Мохика Маринс), „Крвави усни“ (1975 на Жан Ролин) и „Куќата на насмеаните прозорци“ (1976 на Пупи Авати).
 
„Отворени Хоризонти“: Фаворитите на Независното Кино е секција која ја основаше бившиот директор на ТИФФ Димитрис Елпидес е секогаш исполнета со листа на филмови од меѓународната независна сцена и тоа оние нај иновативните, како што се оваа година: „Смртта на Луис 14“ од Алберт Сера – приказна за клаустрофобичната хроника за последните денови на Луис 14 чија што улога ја игра Жан Пиере Леауд; 
 
Крвави усни


 

„Мал Човек“ на Ира Сахс – интимна драма која се справува со пријателство, зрело доба, фамилија и гентрификација. „Волк и овца“ на Шарбано Садат, најмладиот филмејкер селектиран на Кан кој влече инспирација од детството во Авганистан доловувајки го секојдневието на локалците, миксирајки народни приказни со магичен реализам и етнографски елементи;
 
Мал Човек


 

„Зоологија“ на Иван Твердовски – на една осамена средновечна жена и расне опашка па животот почнува драстично да и се менува. Ова е всушност екранизација на онаа ситуација кога старите велеа „не пиј кафе ке ти порасне опашка“, токму тоа, што ќе се случи кога ќе ти порасне опашка? Прекрасна благо горка приказна за аутсајдерите на денешното општество...............
 
Personal shopper


 

Александар Зиков е дипломиран и магистриран уметник и прва година докторант по филмска режија.

Работи како продуцент и режисер, и пишува за плагијат веќе 4 години.. 

 

Ranti | 30.01.2017 | twitter