ФИЛМСКА РЕВИЈА: Скоро сe за 57 Солунски Филмски Фестивал - II дел

Мегдан на Независните Филмски Продукции и Автори
 
............... Специјални Проекции“: Најочекуваните е секција со филмовите “Salesman” на Асгар Фархади (најдобар актер, и најдобро сценарио на Кан) трагична приказна за одмаздата поттикната од драмата на Артур Милер „Смртта на еден продавач“. Последниот филм на браќата Дардене „Непозната Девојка“. Новиот филм на Теренс Дејвис „Тивка Страст“ – биографија на поетката Емили Дикинсон играна од страна на Синтија Никсон. „Personal Shopper” на Оливие Асеј, моќна психолошка драма со натприродни нијанси со Кристен Стјуарт во главна улога, филмот доби награда за најдобра режија на Кан.  
 
Петта година по ред публиката имаше можност да проследи три филма од официјалната конкуренција на Европскиот Парламент и тоа „As I open my eyes” на Лејла Бузид (Франција, Тунис, Белгија, Обединети Арапски Емирати), “My Life as a Courgette” на Kлод Барас (Швајцарија, Франција) и “Toni Erdmann” на Марен Аде (Германија, Австрија, Романија).

Овогодинешните посвети им беа одадени на авангардниот француски филмејкер Филип Грандрие и разностраниот Леонардо Флавио, двајца познати филмејкери со комплетно различни стилови но делејќи иста страст кон моќните приказни околу себе.

Philippe Grandrieux


Режисерот и сценарист Филип Грандрие е роден 1954 година и неговата работа вклучува филмови, видео арт, документарци, како и музејски и галериски инсталации и е претставуван на бројни фестивали и уметнички изложби насекаде низ светот. Неговата работа е радикална и субверзивна, предизвик за кинематографските правила и поставува свои структури на длабоки истражувања на сликата и звукот во наративните структури, изразувајќи своја некомпромисна филмска визија. Неговите филмови како двигател го имаат човечкото сетило, нудејќи му на гледачот интензивни сензориални и длабоки психолошки импликации. Грандрие го користи човековото тело како медиум кој ги открива интензивно сензуалните приказни честопати неистражени од обете страни од темната и деликатната страна на душата. Неговиот последен филм “Despite the Night (2015)е ноќна мора психодрама која го ангажира отпечатокот на авторот со ригидни гро планови на лицата и деловите од телата која граничи со порнографски подземна сила водена од желба да најде комфорт во нивното екстремно страдање. Дел од неговата анксиозна трлогија се филмските инсталации Meurtriere (2015) и White Epilepsie (2012) изложувајќи ја примитивната еротска природа на човековот тело како дел од идиосинкретска кореографија. Во документарниот “It may be that beauty has strengthened our resolve – Masao Adachi” Грандрие му оддава почит на револуционерниот јапански артист, со кого тој сочувствува и дели одбрани афинитети. Останати филмови кои беа прикажани од Граднрие: Sombre, France 1998, 112’; A New Life, France, 2002, 102’; A lake, France 2008, 90’. 

 


Леонардо Фавио е аргентински филмејкер и музичар (1938-2012) и беше икона и повеќе стран артист во Латинска Америка. Креативно богат режисер и актер, како и пеач и писател на песни, се вбројуваше меѓу најомилените културни фигури на континентот. Седум од неговите филмови беа прикажани на фестивалот. Роден 1938 година со сириско потекло, имал проблематично детство, одкако таткото го напуштил семејството, така што Фавио честопати имал проблеми со законот. Прво почнал како вокал актер на радио а веднаш потоа се преселил во Буенос Аирес каде играл во неколку играни филмови од кои повеќето биле режирани од неговиот ментор Леополдо Торе Нилсон, кога се здоби со прекарот Аргентинскиот Џемс Дин. На негови 50ти години започнува авантура овој пат како самоук режисер додека паралелно ужива успешна музичка кариера. Како страстен поддржувач на бившиот Аргентински лидер, Хуан Доминго Перон, Фавио беше протеран во Колумбија веднаш после пучот во 1976 а се врати повторно во Аргентина дури во 1987 година. Неговата кинематографија е хуманистичка исполнета со емоции, доловувајќи ја извонредно Аргенинската психа и менталитет, и е тешко да се класифицира бидејќи варира помеѓу многуте филмски жанрови. Неговите филмови се помеѓу најинфлуентните во Аргентинското кино. Неговиот фасцинантен дебут “Chronicle of a Lonely Child” (1965) го евоцира Бресон, Буњуел и италијанскиот неореализам, како полу-автопортрет на Полин, младо момче чиј живот е растурен помеѓу реформните институти и сиромашните маала каде што живее. “El romance del Aniceto y la Francisca(1967) е филм базиран на кратка приказна напишана о својот брат Хорхе Зухаир Хури, и претставува моќен увид во човековата страт, седукција и каење, низ горка љубов сместена во провинциски дел од државата. Останатите филмови од Фавио кои беа прикажани се: Juan Moreira (1973), The Nazarene Cross and the Wolf (1975), To Dream, To Dream (1976), Gatica, el mono (1993).  

Во доменот на почестите, на 57то издание на Солунскиот Филмски Фестивал беше организирана секција како омаж кон жените. Што знаеме за жените? Многу работи, или пак ништо. После се, улогата на жените била секогаш многустрана, не само во реалниот живот, туку и во кинематографијата. Со цел да се оддаде почит кон жените филмски автори секцијата „Две-три работи што ги знаеме за нејзе“ инспирирана од познатиот филм на Жан Лук Годар. Беа претставени 5 филма режирани од женски филмејкери, чии што теми се занимаваат или вклучуваат жени, но допираат до публиката. Пет приказни со хероини во нивниот центар. Пет женски филмови.

 

“Don’t Call me Son” од Ана Мујлаерт со приказна за тинејџер транвестит Пиер кој е украден на самото раѓање, заедно со неговата помала сестра. Сега, неговите биолошки родители се обидуваат со сите свои сили да му надоместат за изгубеното време. Што е „правилно„ а што „погрешно“ во фамилијата? Сурова драма за механизмите на љубовта, фамилијата, мајчинството, полот и да се биде човек (Teddy Award, Berlin Film Festival).

Don’t Call me Son


 

„Mother“ од Кадри Коусаар е црна комична криминалистичка мистерија сместена во мало градче во Естонија и главен протагонист е Елза, целодневна негувателка која се грижи за сопствениот коматозен син Лаури, и е во постојана агонија за тоа кој пукаше во него. Во вакво мало место каде секој се чини знае се за секого освен за она што стои под нивниот нос, може да биде светски нај неспретниот злостор кој може да остане неоткриен. 
 
Mother


 

“Certain Women” од Кели Рајхарт е приказна за животот на три жени – адвокатка, мајка и студентка на право – се среќаваат во Монтана, Америка откривајќи го портретот на современа Америка, низ женските очи. Триптих на моќни независни жени, играни од големи актерки: Laura Dern, Michelle Williams, Kirsten Stewart.
 
„Layla M.“ од Mijke de Jong – 18 годишно муслиманско девојче родено и израснато во Амстердам, одбира да ја напушти својата фамилија и западниот живот, и да го следи својот пат, воден од судбината. Таа потајно се мажи, но наскоро се наоѓа себе си во окружение на џихадисти, херој идеалист кој е скршен од сопствените верувања и фрустрации. 
 
Certain Women


 

„By the Time It Gets Dark“ од Anocha Suwichakornpong е режисерка и нејзината муза, која како студент активист во 70те, работи како келнерка што постојано ги менува работните места, актер и актерка, се слободно поврзано едно со друго од скоро невидливи врски.................
 

Александар Зиков е дипломиран и магистриран уметник и прва година докторант по филмска режија.

Работи како продуцент и режисер, и пишува за плагијат веќе 4 години...


Ranti | 21.02.2017 | twitter