Nick Cave and The Bad Seeds

"Бевме на некое чудно место, но јас конечно излегувам оттаму и гледам светлина која трепери... Добро е повтроно да се свири" - Nick Cave

Извонредниот музичар и автор Nick Cave, заедно со својот бенд The Bad Seeds, а во рамки на светската турнеја на која го промовираат својот најнов албум Skeleton Tree, ќе одржат свој концерт на 28 октомври 2017, во Комбанк Арена во Белград, Србија.
Skeleton Тree се најде на прв на листата на најслушани албуми во Британија и во уште 7 други земји, а The Guardian му додели 5 ѕвезди и го опиша како ремек делото напишано за љубовта и уништувањето. Skeleton Tree е направен во периодот кога фронтменот Nick Cave се соочи со голема загуба, односно смртта на својот син, кој падна од карпа во Лондон. За целиот процес на снимањето на овој албум и соочувањето со емоциите и со загубата е снимен и документарен филм кој носи наслов One More Time With Feeling.

Nick Cave and The Bad Seeds, доаѓаат по втор пат во Белград. Сите посетители го помнат концертот во 2008 година како музичко патување кое траеше повеќе од 150 минути.


флаер


 

ПРОГРАМА

*Поаѓање од Скопје во 7 часот наутро. Возење преку Граничниот премин ТАБАНОВЦЕ кон Белград со повремени паузи по мотелите.

*Пристигнување во Белград околу пладне. Паркирање во близина на салата (Комбанк Арена) и слободно време по сопствен избор до почетокот на концертот. Во меѓувреме автобусот ќе биде отворен во неколку однапред договорени термини за потреби на групата.

*Собирање на групата по завршувањето на концертот некаде пред полноќ и заминување кон дома по истиот пат.

*Пристигнување дома во раните утрински часови.

Цената на аражманот изнесува 3.600 денари.

Аранжманот опфаќа:
*автобуски превоз Скопје - Белград - Скопје
*влезница за концертот од категорија Партер
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Ranti | 20.03.2017 | twitter