ПАЛИНДРОМ

ПАЛИНДРОМ ве канат на концертната промоција на деби албумот „DESERT Y

Среда // 5 Април // 21:30 // Младински културен центар – Скопје

флаер


Првото LP издание на Палиндром е снимено во периодот помеѓу август 2015 и февруари 2017, во студиото BPM Sound, со тонскиот снимател Младен Павлески. Продуценти беа Палиндром и Дени Омерагиќ. Дизајнот го изработи Omowsky (Марко Крстевски).
На албумот се поместени шест композиции, кои го отсликуваат широкиот спектар на влијанија присутни во музиката на Палиндром, како пост-панк, пост-рок, noise, експериментална музика и слободна импровизација. На овој концерт ќе прозвучат сите песни од „Desert Y“.
Aлбумот „Desert Y“ ќе биде издаден во соработка со Deny Records/Booking и ќе биде достапен во ЦД формат, како и на платформата Bandcamp, веќе од 3 април 2017.
Билетите за овој настан ќе бидат достапни на билетарата на Младински културен центар, од понеделник, 13 март по цена од 150 денари во претпродажба, односно 200 денари на денот на концертот.

https://denyrecords.bandcamp.com

https://akonikojnesviri.bandcamp.com/album/coalesce


Ranti | 20.03.2017 | twitter