ФИЛМСКА РЕВИЈА: Скоро сe за 57 Солунски Филмски Фестивал - III дел

Мегдан на Независните Филмски Продукции и Автори
 
... BALKAN SURVEY или Преглед на Балкански Филмови веќе 23 години е присутна секција во склоп на фестивалот. Кураторот Димитри Керкинос ги одбира најдобрите примероци од Балканската продукциска зона. Вариетет од филмски жанрови и стилови со извонредни и оригинални пристапи кон современите теми ја опишуваат овогодинешната програма. Се слави делото на турскиот автор Зеки Демиркубуз презентирајќи за прв пат меѓународно целата ретроспектива од неговите филмови.  

Зеки Демиркубуз


 

Помеѓу останатите автори од Балканот и оние кои присуствуваа на фестивалот и на проекциите се вбројуваа: Кристи Пују со својот нов филм и официјален конкурент за странски оскар Сиераневада“ (Романија), Исто така од Романија филм кој не смее да се занемари „Кучиња“ на Богдан Мирика неговиот дебитантен филм кој понесе награда Un certain Regard/FIPRESCI на Канскиот Филмски Фестивал а е всушност насилна вестерн приказна за еден човек кој наследил земја од својот татко некаде на село, каде наскоро ќе се конфронтира со локалната мафија чиј што шеф а негов починат роднина. Паул Негоеску и неговиот роуд муви „Два билети на лотарија“ (Романија), Реха Ердем и фантастичната како бајка приказна Big Big World филм кој освои Специјална Награда на Жири комисијата на Венецијанскиот Филмски Фестивал (Турција), 
 
Сиераневада


Бариш Каја со благо горкиот дебитантен филм Rauf”за младо дете кое тргнува на пат во потрага по розево платно за девојката што ја сака стапувајќи среде светот на возрасните во екот на турбулентна социо-политичка ситуација од (Турција), Фатон Бајрактари со филмот „Доме Слатки Доме“ (Турција). Познатата српска глумица Мирјана Каранович и нејзиниот дебитантен филм како режисерка „Добра Жена“. Не можам а да не посветам малку поголемо внимание на бугарскиот филм „Слава“ на Петар Валчанов, еден храбар потег и извонредна екранизација на суровата реалност која само на нашите простори може да се случи. Имено еден чесен човек станува пион на планот на главниот човек за односи со јавност на Министерот за Транспорт и Врски. Неверојатно добро водена приказна и добра реализација на интензивната, трагикомична сатира за политиката и корупцијата во Бугарија но истовремено и универзална приказна. Не а за одминување и филмот „Анишоара“ на Ана Феличиа Скутелнику, каде се обработува темата на младите тинејџерки кои кога ќе достигнат возраст на нецелосно полнолетство ги спремаат (ги продаваат) на богати германци за да можат да ја ублажат сиромаштијата на моестото во кое живеат. Место кое сепак има богата историја и кое чува многу убави мемории. Анишоара, наместо да подлегне на традицијата, се заљубува и започнува нејзината идилична драма.   
 
Рауф

 

И на крај но не последно, Грчкиот филм, како протагонист на 57от Солунски Филмски Фестивал се претстави со 15 нови филмови продуцирани во Грција и во копродукција со други држави и уште 11 други кои веќе имале премиера во изминатиот период.

Додатно, 5 грчки краткометражни филмови со меѓународни награди беа прикажани како и 21 краткометражни филмови што беа на овогодинешниот Филмски Фестивал за Краткометражни Филмови во Драма. Беше прикажан краткометражниот филм „Еден убав ден“ на познатиот режисер со грчко потекло Федон Папамихаел како и 90 години ПАОК – Носталгија за иднината, последниот филм режиран од Никос Триантафилидис (1966-2016). Годинава имаше нови иницијативи, беа прикажани три наместо два филма во меѓународна конкуренција. Поранешната програма на Грчка Панорама се надополни и прерасна во Грчки Филмски Фестивал, кој е од неконкурентен карактер според новиот закон за филм.

 
Еден убав ден

 

 

Фестивалот прифати да додели пет награди од кои три веќе беа утврдени од претходните години: Фишер награда од публиката, ФИПРЕСЦИ награда и наградата на Пан-Хеленската Филмска Асоцијација на Критичари, а останатите две награди ги представија жирито составена од студенти на Филмската Школа во склоп на Аристотеловиот Универзитет во Солун (Најдобар филм и Специјална награда на жирито). 15-те филмови кои имаа премиера се: Afterlov од Stergios Paschos (филм кој се врати со награда од Фестивалот во Локарно – Режисери на денешницата), Amerika Square од Yannis Sakaridis, Boy on the bridge од Petros Charalambous, Common Ground од Penny Bouska, Istanbul Story од Fotini Siskopoulou, Kissing од Yannis Korres, Love, love, love од Kostas Zapas, Park од Sofia Exarchou филм за младата безнадежност и нечистите страсти кои ги окарактеризирува групата тинејџери што го поминуваат своето време во напуштениот спортски парк каде што се одржуваше Олимпијадата во Атина, паралелно приказна што поставува прашање: И за што се потрошија толку пари? (Филмот доби награда Нови Режисери на Сан Себастијан како и награда на Филмскиот ФОнд и на Агора Индустри Премрежија на 53 едиција), The other me од Sotiris Tsafoulias, The story of the Green Line од Panicos Chrystanthou, Thread од Alexandros Voulgaris, Xamou од Clio Fanouraki.......

 
Afterlov

 

 

Александар Зиков е дипломиран и магистриран уметник и прва година докторант по филмска режија.

Работи како продуцент и режисер, и пишува за плагијат веќе 4 години...


Ranti | 22.03.2017 | twitter