Ненадминливиот техно Папа СВЕН ВАТ на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ!

Грин Бич Фестивал на 29-ти јули (сабота) ќе го претстави своето ново, осмо издание заедно со харизматичниот великан на електронската музичка сцена –  СВЕН ВАТ (Sven Väth). Еден од најдобрите светски диџеи и продуценти Свен Ват ќе настапи во рамки на својата нова турнеја со која ширум светот се одбележуваат 20 години од првата, култна Cocoon забава.

Позната како најдобрата летна журка во Македонија, Грин Бич Фестивал годинава го отвора своето осмо возбудливо издание на кое во импозантниот список на артисти се запишува и ненадминливиот маг на електронската музика Свен Ват со кој продолжува традицијата на колосални журки на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ. Секоја година повеќе од 10.000 луѓе го дочекуваат утрото на плажата Парк во Охрид, со најдобрите имиња од светската електронска сцена. Оваа година, Грин Бич Фестивал има чест да го претставува легендарниот германски диџеј Свен Ват.

Неговиот клуб Cocoon во Франкфурт беше прогласен за најдобар клуб во светот според славниот Микс Маг (Mix Mag), а неговиот триумфален поход на најексклузивните планетарни дестинации не престанува и бележи две децении од постоењето на овој славен клуб со турнејата кој е дефинитивен синоним за врвен клабинг. Од Франкфурт преку Лондон, Ибица, Сао Паоло и Токио, харизматичниот Свен Ват со своите гостувања привлекува илјадници фанови на електронската музика.

flaer


Папа Свен, како што најчесто го нарекуваат колегите и фановите, денес е на апсолутниот врв по повеќе од 35 години на сцената. Во октомври минатата година во рамки на гигантскиот Amsterdam Dance Event, тој прослави 20 години на чело на една од најзначајните издавачки куќи на сите времиња - Cocoon, чија истоимена клупска ноќ на Ибица трае веќе рекордни 16 сезони без прекин и без намера наскоро да престане. За неговото немерливо влијание најдобро сведочи фактот дека на неговиот повик редовно се одзиваат најголемите имиња на светската сцена како што се Карк Кокс, Ричи Хотин, Лорен Гарние, Мис Китин, Рикардо Вилалобос, Диксон, Нина Кравиц, Соломун, Марсел Детман, Локо Дајс, Лучиано и бројни други.

Својата кариера ја започнува уште во 1980 година кога на 16 годишна возраст стопирајќи заминува на Ибица и таму поминува полни три месеци по кои го открива својот животен повик и набргу застанува зад грамофонот, а плочите без контролери и лаптопи и ден денес ги користи како единствена алатка и тоа со неверојатна прецизност. Неговата колекција брои десетина илјади плочи, а во неговиот тим работи и личност задолжена исклучиво за водење и одржување на овој каталог, како и испраќање на одбрани, нови плочи и до најоддалечените дестинации на кои настапува. Неговата љубов кон плочите оди толку далеку што кога ќе посака во сетот да вметне нумера која ја нема на винил, што денес е чест случај, тој нарачува истата да се произведе и да му се испрати во барем еден примерок, за неговите маратонски сетови чиј рекорд гласи дури 30 часа и претставува речиси недостижна бројка за останатите колеги!

Во неговите сетови минатото лето можевме да го чуеме и неговиот прв, култен хит „Electrica Salsa“ за кој по 30 години од објавувањето ремикси направија Хенрик Шварц и Роман Флугел, а кој на Свен му го донесе статусот „единствена германска поп ѕвезда“. Сепак, заљубен во клубовите и лудите журки, по резиденцијата во култниот клуб Dorian Gray, Свен набргу го оснива култниот германски Omen чие име и денес се изговара со посебна почит. По Omen следуваше и покренувањето на првиот европски мега-клуб Cocoon во Франкфурт, чиј диџеј пулт беше сместен во срцето на подиумот со рачно изработен звучен систем во вредност од над милион евра, а од бројните простории, една беше ресторан со пет ѕвездички, додека целиот клуб и зградата се сметаат за репрезентативен пример на современата германска архитектура. Денес Cocoon журките се одржуваат во повеќе од 30 земји на сите континенти, а ги предводи Папа Свен лично чии непогрешливи сетови одекнуваат со несомнена харизма и луцидна енергија на најголемиот партимејкер во историјата на електронската музика.

Свен Ват е едноставно уникатен. Легенда на неговото време со посветеност и страст кои влијаеја на напредокот и еволуцијата на електронската музика. Клубови, издавачки етикети и кариери беа лансирани благодарение токму на неговото влијание. Некои луѓе имаат судбина на се издигнат до врвот и да ги менуваат нештата, а таков е Свен Ват – визионер секогаш подготвен за предизвици, уметник кој инспирира, иноватор и непобедлив артист.

Покрај Свен Ват на Грин Бич Фестивал доаѓаат и други значајни имиња од светската и домашната сцена кои наскоро ќе бидат објавени, како и информациите за стартот на продажбата на влезниците.

Ranti | 21.04.2017 | twitter