ФИЛМСКА РЕВИЈА: Скоро сe за 57 Солунски Филмски Фестивал - IV дел

Мегдан на Независните Филмски Продукции и Автори
 
Меѓународнот Жири составено од : Амир Надери, Ирански Режисер – претседател на жирито, Софиа Ел Фани, Директор на Фотографија од Тунис, Фредерик Моро, Сценарист од Франција, Питер Скарлет, Консултант, Продуцент од Америка, Ева Стефани, Режисер, професор од Грција ги прогласија следните наградени филмови:  

Најдобар Долгометражен Игран Филм со Златен Александар „Тео Ангелопулос“ – „Убиство на Тркала“ (Tiszta Szivvel) во режија на Атила Тил од Унгарија 2016. (Акциона комедија за убијци кои се врзани за своите инвалидски колички.)

Специјална Награда на Жирито – Сребрен Александар за Камено Срце (Hjartasteinn) 2016 во режија на 24 годишниот Исланѓанец Арнар Гуџмундсон и неговиот дебитантски филм. Филм кој би го препорачал на секој филмофил, на секој студент од филмската школа филм кој се чини како да е направен од некој од познатите светски мајстори со приказна која се врти околу неколку пубертетлии додека се на одмор на крајбрежно село и драмата што се разврзува додека сексуалноста го обзема секој дел од телото, не само кај младите туку и кај постарите, во околина која не може да се ослободи од табу темите.  



Hjartasteinn


 

Специјална Награда на Жирито за Најдобар Режисер – Бронзен Александар за филмот Танео Макухито (Косачот) на Јосуке Такеучи.

Награда за Најдобар Улога им е доделена на тројцата протагонисти (Золтан Фенивеси, Саболц Туроци и Адам Фекете) во прво наградениот унгарски филм Убиство на Тркала.

Најдобра женска улога за Димитра Влахопулу во филмот Парк и за Сузуно Такенака протагонистката на филмот Танеомакухито. Награда за најдобри артистички достигнувања за филмот Afterlov на Стергиос Пасхос.  

Специјална Препорака за актерот Василис Кукалани во филмот Америка Сквер. Специјална препорака за актерот Харис Фрагулис во филмот Америка Сквер.  

ФИПРЕСЦИ жирито: Александер Хусер од Норвешка како претседател на жири комисијата, Ахмет Гурата од Турција и Ифигенија Каланци од Грција за најдобар филм од Меѓународна конкуренција ја доделија на филмот Lady Macbeth во режија на Вилијам Олдројд од Британија, додека за најдобар филм од грчката конкуренција во премиера се додели на Америка Сквер во режија на Јанис Сакаридис.  

Amerika Square


 

Наградата на Здружението на Филмски Критичари се додели за филмот 90 години ПАОК – Носталгија за иднината на Никос Триантафилидис.

Наградата Човечки Вредности на Каналот на Грчкито Парламент за најдобар филм од меѓународна конкуренција беше доделена за филмот Sami Blood на Аманда Кернел.

Грчката национална телевизија додели награда од вредност од 3000 евра за филмот Парк на Софија Егзарху.

Наградата на младите студенти за најдобар филм ја доделија на The Other Me во режија на Сотирис Цафулиас а специјалната награда за Amerika Square на Јанис Сакаридис.

Публиката како најдобар филм од меѓународната конкуренција го одбра филмот A Mon Age Je Me Cache Encore Pour Fumer (I Still Hide To Smoke) Во режија на RAYHANA француско-грчка-алжирска копродукција. Како најдобар филм од грчката селекција го оцени филмот The Other Me во режија на Сотирис Цафулиас. За најдобар филм во Балканската секција филмот Рауф на Барис Каја и Сонец Канер од Турција. За филм од секцијата Отворени хоризонти за филмот Почесен Граѓанин (El Ciudadano Ilustre) на Мариано Кон и Гастон Дупрат аргентинско-шпанска копродукција.  

A Mon Age Je Me Cache Encore Pour Fumer


 

Фестивалот се одржува во центарот на Солун во познатиот Аристотел сквер, како и на

пристаништето во кој старите пристанишни магацини се претворени во извонредни кино сали и музеј на фотографијата и кинематографијата. Од оваа година се воведоа новитети и тоа пристап за секого до филмовите со што се инсталираа специјални справи за да се овозможи пристап и на хендикепираните лица. Побарувачката за билети беше неверојатна што беше неопходно да се резервираат билети дури и два до три дена однапред за некои проекции. Хотелите кои Фестивалските Организатори ги имаат резервирано за гостите се одлично загреани и со солидна послуга, а сонцето и темпреатурата во тие свежи денови беше пријатно изненадувачки. Покрај авторите на филмовите присутни беа и многу филмски критичари од балканот и пошироко, директорите или претставници на националните филмски фондови од државите на балканот, филмски дистрибутери и продавачи (Мартин Швајнхофер директор на Австрискиот Филмски Фонд, Магали Арманд претставник на филмскиот фонд на Франција, Антон Калеја на Еуримаж, Електра Венаки директорка на Грчкиот Филмски Фонд, Дубравка Лакич од Србија филмски критичар за Политика, и многу други).

Се вкупно 213 филмови прикажани на фестивалот. Во склоп на фестивалот се одржува и Агора Индустри која започна како таква во 2005 година и од тогаш еволуира но сепак останува креативен сегмент каде млади режисери и продуценти се среќаваат со дистрибутери, продуценти и претставници на други фестивали за да разговараат за своите идеи, да ги развијат своите сценарија и да ги подобрат своите проекти. Во текот на годините успеа да биде место каде доаѓаат професионалци од Балкан, Медитеранот и Централна Европа во потрага по копродукции. Оваа година Солунскиот Филмски Фестивал – Проекти во Прогрес имаше чест да биде одбран како еден од големите 4 Европски фестивали кому Еуримаж за прв пат ја доделува наградата Eurimages Lab Project.

Од 5 – 12 Ноември се одржуваше Агора Филм Маркет каде мнозинството од филмовите од

главната конкуренција беа промовирани и многу други наслови од други држави.

Од 8 -12 Ноември се одржуваше Ко-продукциски Форум „Crossroads” каде што проекти се одбрани врз основа на сценарио и креативниот тим учествува во обидот да се даде поддржка за продуцентите и нивните долгометражни проекти кои доаѓаат претежно од Балканот, Медитеранот и Централна Европа. Во листата од 14 проекти се вбројуваат неколку од балканот и тоа: “Behind the Haystacks”-Грција, Унгарија; “Dajna”-Албанија; “Fantasia”-Грција; “The Father”-Бугарија на надежните Кристина Грозева и Петар Валчанов, во соработка со Софија Митингс, Бугарско-Грчко-Италијанска ко-продукција; “Money for Funeral”-Бугарија; ‘Vasilis Arvanitis”-Грција.

За првпат оваа година Солунскиот Филмски Фестивал заедно со Локарно Меѓународниот Филмски Фестивал организираа за прв пат во Солун Industry Academy International – тренинг програма креирана за помош на млади професионалци (агенти за продажба, дистрибутери и професионалци од новите медии) да ги прошират своите искуства со вмрежување во доменот на меѓународната продажба, маркетинг, дистрибуција и програмирање.

На 8 ноември беше организирана демонстрација на виртуелна реалност, работилницата ја водеше меѓународниот експерт Михаел Реилхак.

South by Southeast е уште една платформа на Европските филмски центри од гореспоменатите региони се со цел да ги зближи во во работата за поттикнување на копродукциите и

 

дистрибуциитезапочнат што поскоро – Организирано од страна на Greek Film Center, Creative Europe MEDIA DESK, SEE Cinema Network.

На 10 Ноември се одржа и Works in Progress платформа на која светски агенти за продажба, дистрибутери, и организатори на фестивалските програми имаа можност од блиску да ги запознаат новите проекти од регионот. Меѓу 13-те се Романско-Француска копродукција „Чарлтон Хестон“, Српско-Сингапурска копродукција „Бронзен Лотус“, „Рудар“ Словенско-Хрвтска Ко-продукција, и уште 4 грчки проекти од кои 3 во ко-продукција со Данска, Германија и Франција.

Тоа беше во кратки црти но не баш куси, главните наслови и настани во склоп на фестивалот. Но тоа не е се. Во некоја нардена прилика може да се опише како тече ноќниот живот, забавата и останатите пропратни настани, како уметнички изложби, галерии, музејски поставки на филмот, хотелски сместувања, угостителски услуги и специјалитети и разни случки.

Ви благодарам на вниманието и до следно читање, поздрав. 

 

 

Александар Зиков е дипломиран и магистриран уметник и прва година докторант по филмска режија.

Работи како продуцент и режисер, и пишува за плагијат веќе 4 години...

 


Ranti | 26.04.2017 | twitter