УМЕК, СПИЛЕР и ПИПСИ ГО ПРЕДВОДАТ НОВИОТ ФЕСТИВАЛСКИ БРАН ЗА „СИ СТАР“ ВО УМАГ!

На нешто помалку од два месеци пред „Си Стар“ (Sea Star) фестивалот во Умаг, „ЕГЗИТ“ тимот го открива и третиот бран изведувачи кои на 26-ти и 27-ми мај стигнуваат во комплексот Стела Марис. На импресивната листа која ја предводат Продиџи, Фетбој Слим, Пол Калкбренер, Модстеп, Пендулум и Дубиоза Колектив, сега се придружуваат уште големи имиња на регионалната рок и панк сцена како што се Пипс Чипс и Видеоклипс, Факофболан и Ниплпипл (Nipplepeople), како и регионалните електронски магови Умек, Спилер (Spiller), Петар Дундов, Анеј Еф (Aney F) и Марина Карамарко.
 
Од Словенија доаѓа техно гигантот со светски глас, Умек. Популарниот „татко“ на словенечката, но и современата електронска сцена во целиот регион, редовно настапува на најголемите фестивали како што се Тумороуленд, Авејкенингс, Тајм Варп или Електрик Дејзи Карневал. За неговата етикета „1605“ објавуваат и Марк Најт, Џои Белтрам, Адвент, како и бројни млади таленти, а неговата радио емисија „Behind The Iron Curtain“ се емитува на повеќе од 150 радио станици ширум светот. Ексклузивна журка на „Си Стар“ ќе приреди и славниот италијански диџеј и продуцент Спилер, чиј мегахит „Groovejet“, во кој прв пат на светската сцена се претстави и заносната Софи Елис-Бекстор, сѐ уште се смета за една од најважните нумери на денс музиката. Чистокрвниот диско-хаус сингл продаден е во над 2 милиони примероци, а дури стана и првата песна која е пуштена на „Ајпод“, тогаш сосема новиот производ на „Епл“! Списокот на возбудливи изведувачи го надополнува и вистинскиот доајен на хрватската сцена, Петар Дундов! Низ кариерата долга повеќе од 20 години, има објавено пет албуми и многу синглови, а настапувал и во најпрестижните светски клубови како што се Бергхаин, Фјуз, Трезор, Рекс или Саб Клаб. На „Си Стар“ доаѓа и харизматичната претставничка на новата генерација хравтски техно диџеи, Марина Карамарко, која зад себе веќе има резиденција во ценетиот клуб Санкис на Ибица, како и настапи во клубовите низ Лондон, Берлин, Париз, Сан Франциско и други водечки дестинации. Од Словенија стигнува и диџејот и продуцент Анеј Еф, основач на љубљанскиот лејбл „Innocent Music“, чие име се појавува на високите позиции на листите на „Битпорт“.


флаер


 

Во зенитот од својата кариера стигнуваат и кралевите на големите сцени кои се во самиот врв на хрватската рок хиерархија, легендарните Пипс, Чипс и Видеоклипс. Нивната огромна кариера им донесе безброј хитови, од најубави балади до навивачки химни на кои заедничка им е специфичната поетика на харизматичниот фронтмен Дубравко Иваниш. Од почетокот на деведесеттите години на осум албуми бендот остана себе си верен, секогаш бескомпромисно грабејќи напред. Низ секој стилски екперимент и понатаму остануваат гласници на чистиот јазик од улицата и безвременските песни кои со нив ги пее на глас секоја публика. На екипата и се приклучува и Факофболан, еден од најдолготрајните панк бендови на овие простори, познат и како бенд поврзан со колективот Монте Парадизо во рамки на кој започнаа со организирање на истоимениот, денес веќе култен хардкор панк фестивал. А на крилјата на новиот сингл „Frka“, обработката на Зденка Ковачичек, стигнува и хрватскиот електро-поп бенд Ниплпипл. Овој таинствен маскиран тандем стекна популарност ширум регионот со хит синглот „Sutra“, а на „Си Стар“ доаѓаат и со новиот материјал.
 
Поради исклучителниот интерес на публиката од цела Европа, последниот, лимитиран контингент фестивалски влезници за „Си Стар“ по цена од 2.300 денари ќе биде во продажба најдоцна до недела, 2-ри април, но и пократко доколку со актуелното темпо се распродадат претходно. Фантастичните реакции на фановите, значително го забрза планот на продажбата и во понуда оставија исклучително малку од овие влезници со 40% попуст во однос на финалната цена. Фестивалските влезници за „Си Стар“ во Македонија се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).
 
„Си Стар“ Фестивалот е сместен во комплексот Стела Марис во Умаг во Хрватска. Сите фестивалски бини се наоѓаат во непосредна близина на морето, а удобните и одлично опремени сместувачки капацитети се на само 100 метри или најмногу 10 минути прошетка покрај морето до фестивалскиот простор. Кампот, апартманите, вилите и хотелите се во категории од 3 до 5 ѕвездички, а најповолното сместување може да се најде за цена од само 9,99 евра на www.exittrip.org.

Ranti | 27.04.2017 | twitter