Tри - Трите ќерки на Ева на Елиф Шафак

На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави.

Таа ја враќа во студентските денови на Оксфорд: кај двете најверни другарки Ширин и Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и кај харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. И најпосле – до скандалот што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив...


корица


 

„Елиф Шафак, една од најрелевантните романсиерки на денешнината, вешто проникнува во бурната сегашност и минато на Турција. Нејзиното патување помеѓу Истанбул и Оксфорд е фасцинантно истражување на верата и пријателството среде разорниот судир меѓу традицијата и современоста.“ Индипендент

Романот на Eлиф Шафак од денес можете да го најдете во Книжарниците ТРИ во ГТЦ и Дебар Маало, или да го нарачате онлајн со промотивен фестивалски попуст.

Ranti | 03.08.2017 | twitter