Работилница „Непристојни„ споменици

Левичарското движење Солидарност отвора повик за учество на тродневна работилница за изработка на дизајн на сувенири, постери, маици, беџеви, накит и друг промотивен материјал за споменичното наследство во Македонија од периодот на НОБ. Целта на работилницата е да се подигне свеста за уметничките, културните и општествените придобивки од ова наше подзаборавено наследство и можностите за креативен дијалог со оваа оставнина.
Работилницата ќе се одржи на 16 и 17 септември во Социјалниот центар Дуња, а ден претходно, на 15 септември ќе биде организирана посета на неколку избрани споменици од Скопје, Костурницата во Велес, Могилата на непобедените во Прилеп и Музејот на НОБ и Македонумот во Крушево. Работилницата ќе ја водат Дафина Џепароска, Нита Муча и Зоран Кардула. 
Во 19 часот на 17 септември ќе се одржи тркалезна маса “Непристојни Споменици – што да се прави со социјалистичкото наследство?” и презентација на изготвените дизајни.

N/A


 

Левичарското движење Солидарност дополнително ќе организира промотивна изложба на реализираните дизајни и ќе ги промовира при настани во своите простории кои се дом и на Социјалниот центар ДУЊА. Исто така во соработка со своите партнери СФ:иус - Загреб, Хрватска, “Група архитеката”, Белград, Србија, Историски музеј на - Сараево, БиХ и Музеј на Модерна уметност од Љубљана, Словенија кои ја сочинуваат платформата за истражување на “Непристојните споменици" ќе ги промовира резултатите од работилницата и реализираните дизајни и продукти надвор од нашите граници.
Бројот на учесници е ограничен на 15. Се охрабруваат заинтересирани самостојни уметници, дизајнери, производители на ракотворби и студенти да се пријават на оваа тематска работилница. Учесниците не сносат никакви трошоци и не се наплаќа никаква котизација за учеството. Рок за пријавување за посетата на спомениците и учество на работилницата е до 8 септември. Поканите за учество ќе бидат доставени до 10 септември. Ве молиме доставете кусо мотивациско писмо и кусо био со ваши основни податоци на следнава е-маил адреса: Sonja.stojadinovic@gmail.com

Работилницата е поддржанa од Алианц фондацијата (Allianz Kulturstiftung).

Ranti | 04.09.2017 | twitter