Акустичен доручек со Minstrel's Gallery

Пријатели,
решивме да изведеме една интересна комбинација.

На 14ти октомври (сабота), во 12:00 на пладне, ќе имаме акустичен настап на отворено, проследен со доручек што ќе го подготвуваат нашите другари.
Настанот ќе се одржи на брдото над населба Жданец, едно од нашите омилени места за дружење и гозба. :)


флаер


 

За полесно да се организираме, решивме во 11:30 да се чекаме на збирно место коешто на повеќето им е познато - Девол 23б (Кај гитаристот и флејтистот пред куќа). :D
Од таму до брдото има околу 15ина минути пешачење.
Тие што ќе доаѓаат со коли, пожелно е да ги паркираат доле во населба.

Подолу ќе објавиме мапа со точната локација.

Ве чекаме на музика, кафе, чај, пржени јајца, кобасици и греена ракија. :)

Ranti | 09.10.2017 | twitter