Концерт на LIARS во МКЦ

Експерименталниот андергарунд арт-рок бенд LIARS кој британскиот „Гардиан“ го нарекува и „господар на ексцентричната електроника“ на 30-ти ноември ќе настапи во Младински Културен Центар во Скопје, а со овој концерт и официјално ќе биде отворено 19-тото издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ!

Оформен во 2000 година LIARS е австралиско-амрикански бенд кој во својот ексцентричен музички стил комбинира панк-рок елементи со електроника, а кој за време на своите 17 години постоење има објавено 8 албуми со кои ја демонстрира сопствената трансформација од врвен претставник на современата њујоршка денс-панк сцена до експериментална денс-електроника која доминира во нивниот звук последните десетина години.


flaer


 

Со исклучок на дебита...нскиот албум, LIARS своите албуми ги објавува за една од најдолговечните независни британски дискографски куќи Mute Records, со која кариерата ја започнаа бендови како Depeche Mode, која со децении беше домот на великани како Nick Cave или New Order и во чиј каталог се запишуваат артисти од калибарот на Goldfrapp, Moby, Yann Tiersen, Einstürzende Neubauten и многу други.

Годинава LIARS го објавија својот осми албум насловен „TFCF“ (кратенка за „Theme From Crying Fountain“) кој бендот во рамки на светската турнеја ќе го претстави и во Скопје. Албумот кој е уште една реинвенција на нивната парадигма – замаглување на границите помеѓу електронското и акустичното, помеѓу експерименталниот импулс и заразниот поп сензибилитет - е доказ дека дури и кога се случуваат превирања во составот, креативната енергија на бендот и Ангус Ендру (Angus Andrew) како оформувач и единствен постојан член, останува константно моќна.

Повеќе информации за концертот и билетите ќе бидат објавени наскоро.

Ranti | 09.11.2017 | twitter