Есенскиот џез караван може да почне!

Оваа есен во Македонија ќе мириса на свежо ајварче, но и на добар македонски џез.

На 10ти декември ќе се одржи првиот концерт организиран во рамки на манифестацијата Есенски џез караван по што следат Богданци, Пробиштип и Крушево. Манифестацијата Есенскиот џез караван е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и влегува во прорамата на проектот Нов културен бран.

За почеток на караванот се резервирани младите, атрактивни и енергични Fierce и MusaIQ кои ќе настапат во Салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 20 часот.

plakat


 

Музиката што MusaiQ ја креираат претставува легура од стилови поврзани со специфична нишка која всушност е срцето на овој состав. Македонскиот фолклор, како непресушна ризница на инспирација е поводот за издавање на првата обработка на познато македонско фолклорно дело (Со маки сум се родила), но не и рамка на движење или изведување на некаков протокол. Опусот на составот е многубоен колаж на жанрови, како што се издиференцираните карактеристики на самите членови. Самиот состав функционира околу 2 години, но индивидуалното портфолио на членовите врши и повеќе од израмнување на равенката за уметничко искуство. Во овој интересен прогресивен бенд членуваат Калина Велковска – вокал , Петар Лукиќ – клавијатура , Иван Петровски – гитара , Никола Бочваров – бас и Александар Ванчовски – тапани.
 
Fierce


 

Fierce се дел од најмладата генерација македонски џез музичари кои енормно брзо ја освоија публиката. Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритмови и мелодии. Имаат настапувано на реномирани фестивали и настани во и надвор од државата меѓу кои: Meѓународниот фестивал на јазикот под покровителство на Македонскиот Конзулат во Солун, Грција, Cinema Days international Festival – Скопје, МОТ – МКЦ, Скопје, Барбакан Jazz Festival, Култиватор – Скопје, Бруклински Jazz Викенд – Скопје, Skopje Guitar Festival (SGF) – Скопје, Бруклински џез фестивал (даб музика), 12 месечини на џезот (public room).
 
Musaiq


 

Во бендот членуваат  Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Fierce се моментално актуелни со нивниот прв албум.

Ranti | 09.11.2017 | twitter