Богданци - втора станица на Есенскиот џез караван

По успешно реализираниот концерт во Делчево на кој настапија македонските џез состави MusaIQ и Fierce, следната станица на Есенскиот џез караван е Богданци.

Во петок, 1 декември, со почеток од 20 часот во Домот на култура ‘Бранд Петрушев’ ќе настапат уште два актуелни џез бендови од земјава.  Станува збор за бедновите In Between и Џоле Грујовски квартет.



флаер


 

In Between е џез бенд кој постои од неодамна, но за тој временски период овие млади момци станаа  навистина забележливи на македонската џез сцена.  Во бендот кој настанал како резултат на неколку годишната соработка на четворица студенти на Џез академијата во Штип членуваат Ристе Трајковски – саксофон, Филип Динев – гитара, Пенче Кралев – контрабас и Бодин Попов – тапани. Покрај редовните настапи по разни локали низ Македонија, квартетот беше дел од манифестацијата „Today it’s all about jazz“, 2016 во Скопје, а истиот состав ја промовира џез музиката во средните музички школи низ Македонија, ангажиран од Музичката академија во Штип. Сите членови од квартет кој негува традиционална и модерна џез музика активно соработуваат и со други музичари од џез сцената.

н/а


 

Настапот на гитаристот Џоле Грујовски претставува своевидно негово враќање на македонскат џез сцена.  После извесен период музицирање на клубски свирки ширум земјава, Грујовски се враќа со свој авторски проект кој вклучува негови сопствени композиции кои наското ќе бидат пренесени на носач на звук.  Џоле Грујовски квартетот е всушност  оформен од неодамна со цел снимање и реализација на неговиот нов материјал "REFLECTIONS". Снимањето на материјалот беше завршено и се очекува да истиот да биде издаденво наредниот период. Овој музички проект е амбиентален џез, и е фузија од неколку музичкиправци кои се преплетуваат и создаваат едно оригинално доживување.  Во бендот покрај Џоле членуваатФилип Димишковски – клавир, Зоки Павловски – бас иАлександар Џигер Ванчовски – тапани.

н/а


 

Манифестацијата Есенски џез караван е во организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје и претставува дел од програмата на проектот Нов културен бран, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.


Ranti | 29.11.2017 | twitter