Пробиштип домаќин на третата станица на Есенскиот џез караван

Есенскиот џез караван продолжува на 2 декември.  Следната станица е Пробиштип каде во Домот на култура ‘Злетовски рудар’, со почеток од 20 часот, концерт ќе одржат три македонски џез бендови – Трајче Велков Квартет, Next to Silence и Летечки Пекинезери.

флаер


 

Трајче Велков квартет е џез група составена од четворица релативно млади македонски музичари, но веќе добро познати на македонската џез сцена кои веќе низа години својата кариера ја градат во земјава и надвор од неа.  Покрај Трајче Велков – труба, во бендот членуваат и Зоран Костадиновски - гитара,Горан Ѓешовски – бас и Виктор Филиповски - тапани.  Карактеристичен за овој состав е сопствениот, личен, пристап кон стилскиот правец bebop, кој тие го внесуваат во својата интерпретација, вклучувајќи го својот сопствен жар во аранжманите на композициите од ерата на hard bop & post bop.

N/A


 

Next to Silence се подеднакво инспирирани и концентрирани на музиката снимена за реномираната германска издавачка куќа ЕСМ, во која се вклучени врвни имиња како Enrico Rava, Jan Garbarek, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Nils Petter Molvaer и други. Музиката на овие композитори и изведувачи е дел од редовниот репретоар на Next to Silence.  Бендот го сочинуваат членови на неколку македонски бендови, но во оваа пригода здружени да ја реинтерпретираат езотеричноста и луцидноста всадена во музиката на ЕСМ: Александар Николовски – труба, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара иГоце Наумов – тапани.

N/A


 

Летечки пекинезери повеќе од 10 години успешно ја доближуваат џез музиката до младата популација.  Добро е препознатлив нивниот звук кој се движи во границите на свингот, звуците од 30-тите и 40-тите години на минатиот век, вметнувајќи и фрази слични на оние на Кочо Петровски, Тале Огненовски или некои други почитувани мајстори во македонската народна музика, но од друга страна збогатувајќи го својот звук со еден рокабили шмек.  Пекинезери досега имаат издадено два музички албуми: „Летечки пекинезери“ (2011) и „Dog Show/ Изложба на кучиња“ (2014) и двата се издадени за SJF Records (Skopje Jazz Festival Records).  Во бендот членуваат Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Бојан Петков – гитара, Кирил Туфекчиевски – бас и Славчо Коцев – тапани.  

N/A


 

Ranti | 30.11.2017 | twitter