EXIT го подготви најголемиот новогодишен подарок: Пет фестивали по цена за еден!

Денес е отворена најголемата празнична акција откако постои EXIT, во која со купување на влезница за EXIT фестивал по промо цена од 3580 денари, на подарок се добиваат и четири влезници за останатите четири фестивали од EXIT Freedom 2018 потфатот. Покрај Exit, тука се и новиот Festival 84 на олимписката Јахорина, Sea Star фестивалот во Умаг, Revolution во Темишвар, како и Sea Dance во Будва. Акцијата важи за сите кои веќе ја купиле или допрва ќе ја купат својата влезница за EXIT фестивал, а единствен услов е да се регистрираат во периодот од 15-ти до 28-ми февруари на сајтот www.exitfest.org и на тој начин да го потврдат своето доаѓање на останатите фестивали. Бројот на влезници во оваа акција е многу ограничен, а акцијата трае најдоцна до крајот на оваа година или и порано, до истекот на предвидениот контингент за оваа намена!

н/а


Влезниците во Македонија можете да ги купите во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Во продажба е и многу ограничен број на туристички пакети за EXIT фестивал веќе од 75 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалниот туристички сервис на EXIT фестивал, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани. За сите љубители на зимските спортови достапен е и многу ограничен број на туристички пакети за новиот Фестивал 84 на Јахорина, по цена веќе од 49 евра со влезница за фестивалот, дводневен ски пас и сместување. Во подготовка се и нови, исклучително атрактивни пакети за Sea Star. Повеќе информации на www.exittrip.org.
 
Повеќе од 17.000 луѓе веќе го осигураа своето место на Петроварадинска тврдина за претстојниот осумнаесетти EXIT фестивал кој ќе биде одржан од 12-ти до 15-ти јули 2018 во Нови Сад. По EXIT Летото на љубовта 2017, кое го потсети светот на темелните вредности од летото 1967-ма кога настана револуционерното хуманистичко „хипи“ движење кое засекогаш го промени светот, EXIT во годината на своето „полнолетство“ прославува едно од најголемите тогашни достигнувања, а тоа е пред сѐ личната слобода. EXIT е еден од ретките музички фестивали кој израснал од движењето за слобода и кој од своето основање има силна општествена мисија, а EXIT Freedom е глобален повик за слобода од робувањето на материјализмот, стереотипите и колективните заблуди во кои денеска се наоѓа нашата цивилизација. Откако EXIT Summer of Love во 2017-та постави рекорд со сите четири фестивали, EXIT Freedom ќе биде досега најголемиот фестивалски потфат, не само во регионот, туку и пошироко, бидејќи во 2018-та ќе собере дури пет фестивали: EXIT во Нови Сад, Festival 84 на Јахорина, Sea Star во Умаг, Revolution во Темишвар и Sea Dance во Будва.

Ranti | 25.12.2017 | twitter