Изложба и промоција на магазинот NOMADS.mk

Изложба и промоција на магазинот NOMADS.mk
Среда, 27 декември 2017, Public Room, 20ч.
 

NOMADS e идеја, концепт, замисла. NOMADS е и начин на живот. Начин на живот ослободен од фиксираноста. Манифестсција на непостојаноста. Процес на перманентено движење. Движење кое некогаш започнува, но нема одредено свој крај. Тоа е животен стил. Идентитет. Дел од вас, нешто што ве одредува. 

NOMADS е и магазин. Магазин за оние во постојано движење. Кои не поминуваат повеќе од ден два засидрени на една локација, а на кои им е потребна достоинствена информација за локалната културна сцена. Интервјуа, претставувања, уметност, музика, филм, здрав живот, литература, гастрономија, вино, фотографија, патување... и се она што би требало да го интересира еден дигитален номад. Започнавме пред три месеци, а сега е вистинскиот момент магазинот јавно да го претставиме, да се видиме и запознаеме. 

флаер


 

Грижејќи се за уметноста, низ рубриката NOMADS уметник, дигитално ви претставивме неколку уметници од помладата генерација на уметници, а на овој промотивен настан, нивните дела ќе ги погледнете и преку изложбата „Ументикот како номад“, секој од нив претставувајќи се со едно дело. Дел од уметниците се веќе етаблирани, академски уметници, дел млади уметници кои сега го трасираат својот пат низ уметничката кариера, а дел креативни ентузијасти, со што на оваа излозжба се обидуваме да ги измешаме пристапите, концептите, но и стиловите и техниките, создавајќи своевиден еклектичен уметнички амалгам. Поставувајќи го овој концепт, магазинот и понатаму останува отворен за претставување и на други млади уметници и кретивци (чија промоцја и изложување во моментов претставува нужност) на различни начини, делумно заобиколувајќи го институционалниот контекст и делумно фузионирајќи го со други медиуми.  

На изложбата „Ументикот како номад“ ќе се претстават: Ана Јовановска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ангел Миов, Марија Сотировска, Маја Кировска, Тони Димитров, Ана Ивановска, Славица Михаилова, Ивана Дукоска, Страхил Петровски, Јасмина Трпевска, Тино Сотировски.

Драги НОМАДИ, дојдете да се видиме и да прославиме за новиот почеток. 

Во меѓувреме читајте не на www.NOMADS.mk.


Ranti | 25.12.2017 | twitter