Васко Атанасоски ПАЗИ КУЧЕ

ДВА КОНЦЕРТА = 300 луѓе максимум...толку собира:)!!!
*************************************************************
Билети - 200 денари во претпродажба (засега само на билетарницата на Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia), 300 денари на врата

23 и 25 март 2018 / 20:00 / Кинотека


флаер


 

Пази куче – првиот соло албум на еден од водечките Македонски андерграунд изведувачи, Васко Атанасоски – излезе во Октомври, 2017 на Geenger Records од Хрватска(заедно со Balkan Veliki Балкан Велики, издавачката куќа на Атанасоски). На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите а воедно и вокал, гитариста,басиста... Иако Атанасоски превзема голем дел од обврските за албумот, има и неколку клучни соработници кои го прават Пази Куче тоа што е. Најважен!!! Deni Krstev (програмирање на ритамот, клавијатури) а воедно и сите песни на албумот се снимени и мастерирани од Крстев во неговото Studio 1060 . Секако и очекувано: Кристина Горовска од Bernays Propaganda, и mike watt (Minutemen, Iggy Pop And The Stooges) кој исто така е автор на фотографијата за задната страна на албумот. Иван Антуновиќ го направи дизајнот. Тоа е тоа за сега. Повеќе кога ќе побарате:) Фала


Ranti | 18.01.2018 | twitter