Music Room with JUNE

Скопскиот бенд June со свој концерт во Public Room!

Инди составот „Џун“ (June) е формиран во 2010 година, а како дел од него се Бојана, Данчо, Јане, Анте и Филип. June со својот специфичен микс на американски инди поп, со примеси на акустичен кантри поп и дава свежина на македонската инди сцена. 

флаер


 

Позади себе имаат три студиски албуми, и тоа „Someday soon“ (јуни 2012), „Indian Summer“ (декември 2014) и последниот албум „Living For The Weekend“ кој излезе во март 2017.
Меѓу нивните претходни настапи може да се набројат EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference 2012, Sziget Festival 2015, Vienna Waves Festival 2015, Eurosonic Noorderslag 2016 и други помали свирки. 

Ranti | 22.01.2018 | twitter