Fighting Windmills . Концерт . Винил

8-ми Февруари 2018-та | Винил | 22ч

Без никаква помпа, без никаков hype и илузии за некоја невидена екстраваганца, славење годишнини, самопрогласена легендарност; без сите тие вообичаени техники на некој што всушност и нема што да ви понуди. Само еден испотен бенд од Драчево, шармантниот простор на Винил / Vinyl и секој што ќе ја има среќата да се најде таму.

flaer


 

Ќе биде адекватно истретиран добриот дел од материјалот кој се наоѓа на албумите “Рапсодии во Празно” и “Yugoslavia in Space” + музиката од новиот албум што бендот штотуку го комплетираше, па и пар ствари од тој после него. Во основ, како и секогаш со овој бенд: сѐ.

Ranti | 02.02.2018 | twitter