Денови на македонска музика

„Деновите на македонска музика“ последниве години постојано ги прошируваат рамките на својата програмска концепција вклучувајќи мултимедијални концерти, концерти на електро-акустична и акузматична музика, кои публиката ја носат надвор од вообичаените фестивалски простори во нови, впечатливи концертни амбиенти. Започнувајќи од мини-фестивалот за електро-акустична музика што беше реализиран во 2014 и 2015 година, и продолжувајќи со концертите на акузматична музика на претходните две изданија на манифестацијата, ваквите концерти редовно привлекуваат нови профили на слушатели.
 
Дел од годинашната програма на ДММ е Мултимедијалниот концерт што ќе се одржи на 23 март во Киното Култура во 20 часот, каде претставувањето на новите остварувања на Ivan Penov, Darija Andovska и Vlatko Georgiev на публиката повторно ќе ѝ овозможи да биде дел од една невообичаена и интересна концертна сеанса.

flaer


 

Type the text here
Name of the photo © Author


Type the text here
Name of the photo © Author


Type the text here

Ranti | 16.03.2018 | twitter