Филозофски Филмски Фестивал - Кинки мераци!

Ретко имаме можност да најавиме вакви радости за специфични вкусови, од многу сериозна кујна
 
 
Секако, како и секоја кујна, има и зајре за сите љубопитни, филмофили и останати засегнати.
 
Философски Филмски Фестивал - 12 - 19 Април 


 

наградите- хау кул из дет!?

 
 
Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата. Од една страна, Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла. Од друга страна, се обидува да поттикне естетички анализи и истражувања на филмскиот јазик како форма sui generis и да ги охрабри младите режисери и филмски работници во Македонија на рефлексија врз клучните филозофски прашања и концепти со цел градење, развивање и негување на своите автентични филмски светогледи.
 
Линк за кај нив ДОМА

hakfin | 31.03.2018 | twitter