Гори Домовина

Ако случајно налетате на книга со наслов Gori domovina, воопшто не размислувајте. Купете ја!
Книгата ја имаат напишано Zoran Lazić и Tonći Kožul, момци кои на времето пишуваа за култниот хрватски магазин за поп култура, Nomad.
Интересен податок во врска со оваа книга е што за одредена сума можеше да се купи име на некој од ликовите. Цената се движеше од 500 куни (околу 68 евра) за главните ликови (ликови кои зборуваат), па се до 200 куни (околу 27 евра) за ликови кои со своето име и презиме се појавуваат во некое поголемо друштво. Уште поинтересен податок за нас е тоа што меѓу главните ликови е македонскиот амбасадор, при што е нагласено дека човекот кој ќе го купи тој лик мора да има македонско презиме. Купувач на овој лик е извесниот Зоран Ангелески од Пула.


cover


Што е Gori domovina?
Да ги цитираме авторите на книгата:
Gori domovina: Steve i Samoula u Hrvatskoj на Lazić и Kožul е само една епизода од опасниот и богат живот на двајцата американски тајни агенти кои водени од задачата и зелените долари овој пат доаѓаат во Хрватска за да одговарат на прашањето: Кој ги пали шумите?
Штитејќи ја флората, Steve и Samoula ќе ја запознаат и фауната на хрватскиот South Park - естрадни ѕвезди, мафијаши, тајни агенти, мали луѓе - обичаи и природни убавини, ќе научат нешто не само за природата, туку и за општеството. Дури ќе научат нешто и за себе.
Gori domovina е урнебесна camp-сатира, пародија на шпиунско-акционите серијали, врата кон хрватската реалност, критика на идиотизмот, лицемерието, мафиократското take the money and gun и американската надворешна политика.
Овој иновативен производ нема да ги остави рамнодушни ни љубителите на постмодерната литература, ни филмофилите, ни зависниците од телевизија и видеоигри, ни потрошувачите.. Дури ни твојата мајка.


civ | 02.05.2009 | twitter