|
|
|
|
| |
| |
|
|
| |
|
|
|
|
|
| |
|
| |
|
|
|
|
|
| |
|
|
generated by Last.fm
|
| |
|
|
|
|
| |
|
|
| |
[вести] ONLINE/OFFLINE фестивал за интернет и култура во Македонија
Двата македонски портали за култура, culture.in.mk и plagij.at, со поддршка од Про Хелвеција, го создадоа фестивалот ONLINE/OFFLINE кој месецов ќе го доживее своето прво издание. Фестивалот, како што кажува и името, има online и offline компонента. Offline компонентата се состои од низа настани на 22 и 23 јануари, додека online компонентата ќе биде активна и ќе се обновува преку целата година и, всушност, ќе претставува виртуелен македонски културен центар.
Во рамките на овој фестивал, отвораме два блога кои ќе се заеднички за обата портали– onlineoffline и offline2online. На едниот ќе создаваме база на подолги новинарски форми, интервјуа, осврти, критички и аналитички текстови и друго што досега не сме пренесувале– исто така и аудио и видео снимки од интервјуа со уметници кои одбележале определен момент – развојот на Интернет сега го дозволува тоа. Другиот ќе биде галерија, виртуелен македонски културен центар, кој ќе функционира со постојана поставка и со тековни, online изложби, а ќе содржи визуелни уметности, литература, музика, театар и разни нови форми.
Сево ова има за цел да отвори постојана дебата за односот меѓу содржината и нејзината презентација, меѓу авторите во културата и нивната публика, како и за културните портали како посредници во овој процес. Истовремено, ќе трагаме по нови, поструктуирани, напредни и иновативни начини за презентација на културните содржини на Интернет, за тие да создадат и нова културна публика.
Со овие теми ќе се занимаваме и на првиот ден од офлајн компонентата на фестивалот.
И тоа по следниот распоред:
22 јануари ( четврток) во Точка
18:00 - Дебора Хустиќ (lomodeedee) од Загреб, ќе одржи работилница за блогирање особено насочена кон уметниците.
19:00 - Дебата со тема - Online? Offline? - Каде е културата, каде се посетителите? На глас ќе размислуваат www.culture.in.mk, plagij.at, on.net.mk, idividi.com.mk...
Истиот ден в Лаика
21:00 - Plagij.at слушалка: нелегално современа музика или како интернетот не образува во време на домашно турбопоп-перверзии.
23 јануари (петок), Точка
18:00 во Точка - Уметничкиот куфер на Artservis ги прикажува делата кои советуваат како да се преживее во светот на уметноста. Донесете свои дигитални дела, куферот е отворен, а Душан Довч подготвен да ги спакува.
19:00- Изложба на фотографии од повеќе автори од десетте настани организирани од plagij.at во изминативе три години. Под објективот се најдоа имиња како Bonnie "Prince" Billy, The Ocean, Pips, Chips & Videoclips, Atheist Rap, Overflow, Mooger Fooger, White noise in a white room, Suns, и уште петнаесетина состави.
Истиот ден, Кастро
21:00 - затворање на фестивалот со концертна промоција на новиот албум „Незгодно време и опасни дани“ на српскиот бенд Петрол, со домашна поддршка од македонската all-girl петорка Вивид
.: plagijat | plagij.at | 20.01.2009 |
| | | FlavrSavr | 15:17:42 на 20.01.2009
Коска! | darko156 | 15:47:35 на 20.01.2009
Браво за настанов и за идеата. | marko | 21:53:06 на 20.01.2009
Каде е културата, каде се
посетителите? - ова ќе биде
добро :) | serdarot | 01:56:51 на 23.01.2009
Што научив од денешната
средба? Пар интересни гаџети
што не сум ги знаел, некаков
пресек на тоа што се случува
со “сцената“ и тоа дека
плагиј.ат едноставно не ги
бива за ништо... не друго, него
ги немаат донесено Interpol и NIN во
Скопје! :))) “Дечкото со зелена
мајца“ сигурно ќе се согласи
со мене. | FlavrSavr | 02:30:10 на 23.01.2009
Јас исто научив дека plagij.at се
Илуминати кои го контролираат
јавното мислење во
Македонија, и дека Трент
Резнор им нудел 100.000 евра за да
свири овде, ама они упорно
промовирале некои српски и
хрватски бендови овде... Зошто
plagij.at, зошто го правите тоа? И
признајте, Тито се наоѓа
смрзнат негде кај вас у
подрум!!! И тоа не правиот Тито,
туку плагијат од него! Ова
објаснува многу работи околу
етимологијата на сајтот... | Sazdo | 07:55:55 на 23.01.2009
Тајната е пробиена, сега Ден
Браун има тематика за нов дел
од Ангели, Демони и Кодови на
Да Винчи. Само што, сега
изгледа ќе напише self-help book со
наслов: "Како да ги донесете Nine
Inch Nails во Македонија во 10
чекора". Уствари не бе, авторот
на тоа дело вчера не просветли
со неговото присуство во
Точка. Вечно ќе бидам
благодарен, таква
брилијантност и целосна
неповрзаност со темата на
дебатата одамна не сум чул.
Целосна почит. | Barrufet | 08:42:15 на 23.01.2009
@ FlavrSavr: Да не се шпекулира,
пари се собираат. :) | civ | 09:07:16 на 23.01.2009
значи џаба дебатата а? | Sazdo | 09:28:39 на 23.01.2009
Не бе, океј си беше, дебата ко
дебата, ама на препад не' фати
откровението дека луѓето, во
Скопје, сакале да ги гледаат
Interpol. Замислете. Требаше некој
тоа да ми каже, оти сум бил во
заблуда. Сепак, во
провидението ми помогна човек
што е во директен контакт со
Трент Резнор химселф! | civ | 09:43:19 на 23.01.2009
супер! ;) вечер топ ќе ви е! :) | Filozof | 13:17:59 на 23.01.2009
Што...
... се случувало таму? Давајте
ваму тоа транскриптите! :) | |
| | |
| |
|
|
|
|
|
|
| |
| Motovun Film Festival -Motovun, Istria, 26.07.2010 -, 30.07.2010 | Atlantis Festival (Apparat, Thieves Like Us, Lollobrigida) -Tvrđava Gripe, Split, 28.07.2010 - , 31.07.2010 | Sarajevo Film Festival -Sarajevo, 23.07.2010 - , 31.07.2010 | Converge, Kylesa, Gaza and Kvelertak -Močvara, Zagreb, 11.08.2010 | The Prodigy, Serj Tankian, UNKLE, DJ Shadow -Burgas, Bulgaria, 13.08.2010 -, 15.08.2010 |
| |
|
|
|
|
|
| |
|